Линкови за пристапност

Владата и ВМРО народна во врска со Хашките обвиненија


Премиерот Владо Бучковски, потенцирајки ја владината заложба за соработка со Хаг, денес изјави дека очекува останатите четири случаи што ги разгледуваше обвинителството во Хаг да бидат вратени во Македонија за понатамошна постапка по нив. Во врска со обвинението покренато против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, премиерот Бучковски најави дека Владата ќе обезбеди мерки за соодветна правна заштита и финансиска поддршка на адвокатите на Бошкоски. „Очекувам, затоa што еден од обвинетите за случајот Љубoтен е поранешен министер за внатрешни работи, Владата да изгради став во правец дека штитејќи ја, условно речено, презумпцијата на невиност на поранешен министер за внатрешни работи, ќе треба да се преземат сите активности, за да не го прават тоа поединци и политички партии, за посоодветна правна заштита, па дури и за финансиска подршка за сите оние кои ќе се јават во улога на бранители, да биде на товар на државата“, рече премиерот Бучковски. Што се однесува до обвинетиот Јохан Тарчуловски, премиерот рече дека државата за него нема обврски, бидејќи не бил во врска со државната администрација. Од своја страна, опозиционата ВМРО-народна денеска побара Владата да обезбеди гаранции со кои ќе се овозможи обвинетите да се бранат од слобода. „Сметаме дека тоа е елементарна обврска на државата и жалиме што не се донесе закон досега. Но, без оглед на тоа, ние и натаму сметаме дека и без закон, нашата држава може да ги преземе овие две елементарни нешта во однос на нејзините граѓани кои како службени лица се најдоа во конфликтот и ги извршуваа своите должности“, вели Слободан Чашуле од ВМРО-народна . ВМРО-народна рече дека ќе го оспори обвинението покренато од Хашкиот трибунал во постапка пред Меѓународниот суд за воени злосторства.
XS
SM
MD
LG