Линкови за пристапност

Мјанмар: Што треба да знаете


Армијата на Мјанмар во понеделникот соопшти дека ја презема контролата врз државата за една година откако објави вонредна состојба.

Зашто се случи тоа?

Ан Сан Су Чи
Ан Сан Су Чи


Армијата тврдеше дека имало неправилности во гласањето на ноемвриските избори во кои de facto лидерката на партијата Национална лига за демократија Ан Сан Су Чи доби големо мнозинство во парламентот. Изборната комисија на Мјанмар ги отфрли наводите за изборна измама.

Зошто сега?

Потегот на армијата дојде неколку часови пред новиот парламент да почне да заседава за прв пат.

Што се случи со лидерите на НЛД?

Портпаролот на партијата кажа дека Ан Сан Су Чи била приведена рано во понеделникот, заедно со други официјални лица вклучително и претседателот Вин Мјинт.

Како одговори меѓународната заедница?

Изјави на осуда за акциите на армијата дојдоа од Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, од американскиот Стејт департмент и од Белата куќа, како и од неколку други држави вклучувајќи ги Австралија, Индија и Сингапур.

XS
SM
MD
LG