Линкови за пристапност

Мајк Џонсон реизбран за претседател на Претставничкиот дом на САД

Претседателот на Претставничкиот дом на САД Мајк Џонсон републиканец од Луизијана, зборува откако беше реизбранза претседател на Претставничкиот дом на САД, за време на првиот ден од 119-от состав на Конгресот во американскиот Капитол, во Вашингтон, САД, 3 јануари 2025 година.

ВАШИНГТОН - Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон е реизбран со тесна поддршка во 119-тиот состав на Конгресот. Републиканецот од Луизијана ја има поддршката од новоизбраниот претседател Доналд Трамп и републиканците во Претставничкиот дом одлучија денеска да го реизберат на неговата функција.

Џонсон официјално положи заклетва како претседател на Претставничкиот дом од пратеникот Хал Роџерс од Кентаки, членот со најдолг стаж во Претставничкиот дом.

Овации се слушнаа во Претставничкиот дом на САД откако пратениците официјално положија заклетва како членови на Конгресот.

XS
SM
MD
LG