Линкови за пристапност

Култура во време на војна


Култура во време на војна
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:47 0:00

Центарот за современи уметности од Скопје и Асоцијацијата „ЛОГС“ од Романија го организираа мултимедијалниот настан „Украина е...“ во Мобилната монтажна галерија во паркот на Франкофонијата во Скопје каде што се одржаа изложба, музички настапи и дегустација на традиционална украинска храна.

Културната дипломатија во времиња на војни е важна за да се разбере состојбата со која се соочува Украина заради Руската агресија и на тој начин да придонесе кон ширење на вистините за случувањата во Украина, како и да ја зголеми солидарноста кон милиони украински бегалци раселени насекаде низ светот. Ова беше целта на мултимедијалниот настан „Украина е...“ што се одржа во Мобилната монтажна галерија во паркот на Франкофонијата во Скопје.

Никола Писарев, кој е еден од организаторите на овој настан, вели дека сите војни се водат заради културни разлики и уништување на одредена култура.

„За ширење не само на вистината туку и за помирување помеѓу народите, помеѓу завоените страни и во таа смисла е и овој разговор за културна дипломатија. Како каде што „неразумните“ јас ќе ги наречам политички елити не можат да разговараат, некој друг, некои други луѓе кои што се занимаваат со уметност, со култура, кои што имаат поинакви сфаќања за околината, за светот, имаат пошироки светогледи и можат да разговараат и можат да разговараат и можат да соработуваат. Практично тоа е темата на денешниот разговор и тоа што ние на Балканот веќе сме го виделе и каде што сме бележеле големи успеси на културна соработка помеѓу народите и државите на Балканот, дали нешто од тоа можеби може да се искористи во некои други контексти заради обезбедување на благосостојба, запирање на конфликти, ширење на вистината затоа што кога почнува војна прво нешто што умира е вистината“, изјави Никола Писарев од Центарот за современи уметности од Скопје.

Флавиус Илиони Лога од асоцијацијата ЛОГС од Романија за Гласот на Америка вели дека за украинските бегалци важно е да ги задржат својата култура и идентитет и да не бидат маргинализирани или дискриминирани.

„Важно е да ги имаме сите овие манифестации на културата, без разлика дали станува збор за цртање дегустација на храна, танцување или работи што луѓето можат да ги изразат, за да се истакнат во заедницата кои се тие и тоа е нашата цел преку нашите проекти. Исто така се обидуваме да ги ангажираме бегалците да комуницираат со заедницата и тоа е дел од нашата работа во последните пет години во Темишвар и ние ги гледаме успешните резултати за тоа што значи за локалното население да се сретнат со бегалците, а потоа што значи за бегалците да се сретнат со локалното население“, рече Флавиус Илиони Лога, претседател на асоцијацијата ЛОГС од Романија.

Украинката Јане Розбитскаја смета дека во корените на војната помеѓу Русија и Украина се културата и украинскиот идентитет.

„Не е прв пат да се бориме се бориме за украинскиот идентитет, бидејќи со векови секоја генерација на нашите родители, нашите баби и дедовци, секоја наша генерација беше некако под влијание на Русите кои се обидуваа да го уништат украинскиот културен идентитет. Значи, ние сме различни, имаме различни култури. За жал, нашата земја беше подолг период под руско влијание. Рускиот јазик во нашата држава го користат многу луѓе. Рускиот јазик беше присутен во културните проекти, во медиумите, во сè. Исто така, имавме неколку генерации, актери, писатели, поети, многу генерации кои беа убиени, репресирани. Тие беа уништени со идеја да не го задржат украинскиот идентитет. И оваа војна денес е иста“, изјави кураторката и претседателка на организацијата Фаина УА, Јане Розбитскаја.

Ана Бречко пред две години од Киев се доселила во Темишвар. Таа вели дека многу е тешко да се започне сѐ од почеток, но дека морале да продолжат со нивните животи.

„Работиме со многу украински бегалци и им помагаме, ги поддржуваме. Посакувам еден ден да имаме мир во Украина и многу луѓе да се вратат дома. Исто така посакувам луѓето да разберат дека ни е потребна поддршка за Украина“, вели вокалната изведувачка, Ана Бречко.

Во рамките на мултимедијалниот настан „Украина е...“ се одржа и изложба која е кураторски концепт на Розбитскаја, каде што преку фотографии беа претставени најважните карактеристики на современата и традиционалната украинска култура, но и придобивките што ги дале на целиот свет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG