Линкови за пристапност

Посетата на Путин во Северна Кореја - знак за продлабочување на односите Москва - Пјонгјанг


Последната средба меѓу двајцата лидери беше на 13-ти септември, 2023-та во Русија.
Последната средба меѓу двајцата лидери беше на 13-ти септември, 2023-та во Русија.

Кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети Русија во септември имаше јасна цел: да се увери за напредното оружје на земјата.

Ким од прва рака ги виде современите руски борбени авиони и бомбардери со нуклеарна способност. Тој посети воен брод - дел од руската пацифичка флота.

Што очекуваат експерти од посетата на Путин во Северна Кореја?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

И претседателот Путин му направи обиколка на модерна постројка за лансирање во вселената. Но, не беа објавени договори.

Со оглед на тоа што Путин сега ќе го посети Пјонгјанг, врските може да бидат зацементирани, вели аналитичарот Алексеј Муравиев.

Би очекувал формален исход. Формализирање на односите во почувствителните области, како што се безбедносната и одбранбената соработка, вели аналитичарот Алексеј Муравиев.

Путин и Ким го гледаат светот низ слична диоптрија, и покрај комплицираните односи во минатото.

Уште во 2017 година, Русија ги поддржа санкциите во ОН кон Северна Кореја. Меѓутоа, светот се промени.

Сега, Русија зависи од севернокорејското оружје во нејзината војна во Украина. И двајцата бараат сојузници како дел од нивната поголема борба против Западот - што сугерира дека соработката може да трае.

„Путин размислува долгорочно. Путин не прави само нешто ад хок. Тој не е тип за ад хок одлуки“, коментира аналитичарот Алексеј Муравиев.

Сателитската програма на Северна Кореја е веројатна област на меѓусебна соработка. Неодамнешните лансирања на Северна Кореја покажаа начини на помош од Москва. Се чини дека Путин бара повеќе начини да ѝ помогне на Северна Кореја.

Но, голем дел од таа соработка би ги прекршила санкциите од ОН.

„Се работи за воздржаност. Русија никогаш не кажа дека ќе престане да ги почитува санкциите на ОН кон Северна Кореја“, заклучува експертот Лукин.

Но, рускиот професор Артјом Лукин вели дека има начини Русија да маневрира со таквите ограничувања.

„Само погледнете го однесувањето на Кина. Пекинг се придржува до резолуциите на ОН во однос на Северна Кореја. Мислам дека Русија може да го следи истиот модел“, додаде Лукин.

За Русија и Северна Кореја, тоа е дел од поблиското усогласување - и според Лукин, веројатно формално сојузништво со значителни влијанија за регионот.

XS
SM
MD
LG