Линкови за пристапност

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност по обидот за атентат


Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, откако во средата беше застрелан во обид за атентат при напуштање на владиниот состанок, изјави владин министер.

Забележани се полицајци како го обезбедуваат влезот на Универзитетската болница Рузвелт во Банска Бистрица во четвртокот наутро, каде што е хоспитализиран 59-годишниот Фицо.

Вооружениот напаѓач во средата го застрела Фичо пет пати, и тој беше во критична состојба.

Неколку часа подоцна беше опериран.

Инцидентот во централниот словачки град Хандлова, за кое словачките медиуми велат дека го извршил 71-годишен маж, ја запрепасти малата централноевропска нација и наиде на меѓународна осуда.

XS
SM
MD
LG