Линкови за пристапност

Го осудуваме нападот врз словачкиот премиер, нашата амбасада е подготвена да помогне, кажа Бајден


Фицо во животозагрозувачка состојба по обидот за атентат, соопшти владиниот кабинет
Фицо во животозагрозувачка состојба по обидот за атентат, соопшти владиниот кабинет

Претседатлеот на САД Џо Бајден го осуди насилството врз словачкиот премиер Роберт Фицо, кој се здоби со повреди опасни по живот кога беше застрелан и ранет во обид за атентат во средата.

„Вознемирен сум кога слушам извештаи за напад на словачкиот премиер Роберт Фицо. Џил и јас се молиме за брзо закрепнување, а нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка. Го осудуваме овој ужасен чин на насилство. Нашата амбасада е во близок контакт со владата на Словачка и е подготвена да помогне“, рече Бајден.

Фицо во животозагрозувачка состојба по обидот за атентат, соопшти владиниот кабинет.

Претходно, новинската агенција ТАСР објави дека Фицо е повреден во стомак при пукање по владин состанок.

Агенцијата го цитираше потпретседателот на парламентот Љубош Блаха дека Фицо бил застрелан и повреден.

Сведок на Ројтерс рече дека слушнал неколку истрели и оти видел човек како е приведен од полицијата.

Сведокот рече дека видел безбедносни службеници како ставаат некого во автомобил и заминуваат.

Владината канцеларија не можеше веднаш да се добие за коментар.

Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, го осуди, како што рече, грозниот напад врз Фицо.

Некои информации во текстот се од Ројтерс

XS
SM
MD
LG