Линкови за пристапност

Израелската војска повика на евакуација од Рафа пред планираната офанзива


Израелската војска во понеделникот соопшти дека жителите во источните делови на Рафа треба да се упатат кон, како што армијата ја нарече проширена хуманитарна област која сега го опфаќа Кан Јунис, во потег што доаѓа пред планираната израелска офанзива.

Портпаролот на израелската армија, кој објави на социјалните мрежи на арапски, рече дека израелската војска ќе дејствува насилно против терористичките организации во Рафа и дека секој што е во областа ќе му биде загрозен животот.

Израел подготвува „операција со ограничен опсег“ во Рафа, рече воениот портпарол, а се проценува дека околу 100.000 луѓе биле замолени да ја напуштат областа за евакуација.

Израел претходно издаде вакви предупредувања во време на својата кампања за елиминирање на милитантната група Хамас во Појасот Газа.

Многу од Палестинците во Рафа отпатуваа таму барајќи засолниште откако Израел ги предупреди да побегнат од другите делови на Газа.

Мапите обезбедени од израелската војска претходно покажаа хуманитарна зона долж брегот на Газа, западно од Кан Јунис. Објавата од понеделникот ја прошири таа област и на север по должината на брегот, како и на исток за да го вклучи Кан Јунис.

Израел рече дека офанзивата во Рафа е неопходна за да се победи Хамас, додека Соединетите Американски Држави, Обединетите нации и други предупредија на потенцијална хуманитарна катастрофа доколку Израел изврши напад од големи размери во областа каде што се наоѓа повеќе од половина од населението во Газа.

Ројтерс цитираше висок функционер на Хамас кој ја нарече наредбата за евакуација на Рафа е „опасна ескалација што ќе има последици“.

Секретарот за одбрана Лојд Остин повторно го истакна ова прашање во неделниот телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Во соопштението на Пентагон се вели дека Остин „ја потврдил својата посветеност на безусловното враќање на сите заложници и ја нагласил потребата за секоја потенцијална израелска воена операција во Рафа да вклучи веродостоен план за евакуација на палестинските цивили и одржување на протокот на хуманитарна помош“.

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека Галант му нагласил на Остин дека е потребна воена акција во Рафа и дека нема алтернатива.

Преговори за прекин на огнот

Преговарачите се обидуваат да најдат пробив во разговорите за прекин на огнот чија цел е привремено запирање на борбите и ослободување на заложниците кои се уште ги држи Хамас во Газа.

Откако во неделата не беше објавен видлив напредок во разговорите со катарските и египетските посредници, делегацијата на Хамас го напушти Каиро за да се консултира со своето раководство и рече дека планира да се врати во Каиро во вторник.

Претходно, лидерот на Хамас Исмаил Ханије рече дека групата сака сеопфатен прекин на огнот што ќе стави крај на израелската „агресија“ и ќе гарантира повлекување на Израел од Газа, додека Хамас ќе ослободи околу 100 заложници во замена за стотици затвореници од Израел.

Во изјавата, Ханија го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „продолжување на агресијата и проширување на кругот на конфликтот и саботирање на напорите направени преку посредниците и различните страни“ кои со недели не успеваат во преговорите за прекин на оган од секаков вид.

Во Ерусалим, Нетанјаху отфрли каков било крај на борбите што ќе го остават Хамас да ја контролира Газа и ќе претставува постојана закана за еврејската држава.

Египетски извори соопштија дека директорот на Централната разузнавачка агенција - ЦИА Вилијам Барнс, кој исто така беше вклучен во претходните преговори за примирје, пристигна во петокот во Каиро.

САД - кои, како и другите западни сили и Израел, го означуваат Хамас како терористичка група - го повикаа Хамас да прифати договор.

Некои информации се од Асошиејтед Прес, Франс Прес и од Ројтерс.

XS
SM
MD
LG