Линкови за пристапност

Бајден и Трамп се поблизу до соочување во ноември по синоќешните прелиминарни избори


Додека Џо Бајден и Доналд Трамп се приближуваат до реваншот во ноември, а гласачите на прелиминарните избори ширум земјата упатија порака до својот фаворизиран кандидат да продолжи со борбата и се загриженишто може да се случи, ако нивниот кандидат загуби оваа есен, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, имаше мала неизвесност за резултатите од вторникот, бидејќи и двајцата кандидати се веќе претпоставени кандидати на нивните партии.

Трамп лесно победи на прелиминарните избори на републиканците во Аризона, Флорида, Илиноис, Канзас и Охајо. Бајден го стори истото, освен во Флорида, каде што демократите ги откажаа своите прелиминарни избори и избраа да ги доделат сите 224 свои делегати на Бајден.

Наместо тоа, прелиминарни избори и клучните трки за гласање станаа одраз на националното политичко расположение. Со оглед на тоа што многу Американци не се ентузијасти за изборот на Белата куќа во 2024 година, и кампањите на Бајден и на Трамп работат на разгорување на нивните бази со предупредување за опасностите што доаѓаат со изборот на противникот.

Оние кои излегоа да гласаат во вторникот изгледа го слушнаа тоа.

Пет Шеклфорд, 84-годишна старателка во Меса, Аризона, рече дека гласала за Трамп на прелиминарните избори во Аризона за да му испрати порака на поранешниот претседател.

„Сакав да го охрабрам дека борбата е исплатлива, дека повеќето од нас стоијат зад него отколку што можеби ви кажуваат медиумите“, рече Шеклфорд.

Џејми и Касандра Нил, сестри кои и двете живеат во Феникс, рекоа дека биле неентузијастички поддржувачи на Бајден се додека не ја видат енергијата што ја внесе претседателот во неговиот говор за состојбата на Унијата.

„По неговото обраќање во Конгресот си рековме „Во ред, ајде да го гласаме за него!“

Џејми Нил (45) рече дека Бајден претходно бил „премногу добар“ и дека требало да му парира на Трамп, кого таа го опиша како „злобен“.

„Мразам да го кажам тоа, понекогаш треба да се изедначи со нискоста за да ја извлечеш личноста“, рече таа. „Понекогаш треба да се бориш со огнот со оган“, изјави Нил, симпатризерка на Бајден.

XS
SM
MD
LG