Александра Карпи, експертка на Фридом Хаус од Вашингтон, кој го покрива Балканот, во интервју за српската редакција на Гласот на Америка се осврнува за состојбата во Северна Македонија.
„Знам дека таму сè уште остануваат многу големи надежи, особено по промената на владата во 2017 година. Многу луѓе чекаат да има вистинска значајна политичка промена во владата што ќе овозможи посилна демократија и посилна заштита на граѓанските слободи и политичките права“, вели Капри.
Според неа, измината година во Северна Македонија беше многу бурна година.
Владата требаше да ги искористи демократските процеси и алатки за да ги повикаат одговорните на одговорност и да ја преместат земјата во нова, подемократски, послободна фазаКарпи, Фридом хаус
„Изразивме загриженост за измените во кривичниот законик и други законски измени. Во доменот на корупцијата, имаше значителен број случаи од ерата на 2017 година, како скандалот со прислушувањето. Овие случаи кои требаше да бараат одговорност од поединци од претходната власт, за нивната злоупотреба на службената положба, но за жал, немаат разрешница. Голем е гневот на граѓаните. Владата требаше да ги искористи демократските процеси и алатки за да ги повикаат одговорните на одговорност и да ја преместат земјата во нова, подемократски, послободна фаза“, изјави експертката за Балканот.
„Сите случувања во 2023 година, криза или предизвици што ги има Северна Македонија ја движат земјата кон послободен и подемократски амбиент“, заклучи Капри во екскузивното интерву за српската редакција на Гласот на Америка при анализата на годишниот извештај на Фридом хаус.
Глобалната слобода натамошно се влошила 18-та година по ред во 2023 година, тврди невладината Фридом Хаус во годишиот извештај.
Северна Македонија останува во категоријата делумно слободни земји во друштво со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Украина и Молдавија.
Најголем пад за последниве десет години од државите во регионот имаат Србија која бележи пад за 21 поен, како и Босна и Херцеговина со намалување на 10 поени.