Линкови за пристапност

Израел, Хамас и Катар го минимизираат оптимизмот на Бајден за можниот прекин на огнот во Газа


Министерството за здравство на Хамас во Газа во средата објави дека уште најмалку 76 лица биле убиени во кампањата на Израел.
Министерството за здравство на Хамас во Газа во средата објави дека уште најмалку 76 лица биле убиени во кампањата на Израел.

Израел во средата соопшти дека извршил воздушни напади врз објекти за оружје на Хезболах во јужен Либан и дека пресретнал неколку ракети истрелани од Либан кон Израел.

Израелската војска објави нови воздушни напади врз областа Кан Јунис во јужниот дел на Газа, како и копнени операции во таа област и во северниот дел на Газа.

Министерството за здравство на Хамас во Газа во средата објави дека уште најмалку 76 лица биле убиени во воената кампања на Израел.

Најмалку 29.954 луѓе се убиени од почетокот на војната во октомври, а уште 70.325 се повредени.

Посредниците на Израел, Хамас и Катар во вторникот ги отфрлија сугестиите на САД.

Претседателот Џо Бајден рече дека наскоро би можел да биде постигнат нов договор за прекин на огнот и ослободување заложници во петмесечната израелска војна со милитантите на Хамас.

Хамас го разгледува предлогот, на кој Израел се согласи на разговорите со посредниците во Париз минатата недела, за прекин на огнот со кој би се прекинале борбите на 40 дена за време на Рамазан, месецот на муслиманскиот пост, што би било прво продолжено примирје во војната.

Двете страни имаат делегации во Катар оваа недела кои се обидуваат да разработат детали. Но, портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари рече: „Немаме конечен договор за ниту едно од прашањата што го попречуваат постигнувањето договор. Остануваме да се надеваме дека можеме да постигнеме некаков договор“.

Еден функционер на Хамас изјави за Ројтерс дека „се уште има големи празнини што треба да се премостат. Примарните и главните прашања за прекинот на огнот и повлекувањето на израелските сили не се јасно наведени, што го одложува постигнувањето договор“.

Израел не го коментираше директно оптимизмот на Бајден за прекин на огнот, но владината портпаролка Тал Хајнрих рече дека секој договор сепак ќе бара Хамас да се откаже од „необични барања“.

XS
SM
MD
LG