Линкови за пристапност

Реакции од Минхенската безбедносна конференција за смртта на Навални


Секретарот Блинкен се сретна со Јулија Навални на Минхенската безбедносна конференција.

Сопругата на Навални
Сопругата на Навални

Секретарот изрази сочувство, ако се вистинити извештаите за смртта на Алексеј Навални и повтори дека Русија е одговорна за неговата смрт.

„Ова е секако ужасна вест, на која работиме да ја потврдиме. Моите молитви се со неговото семејство, вклучително и неговата сопруга Јулија. И ако се потврди, ова ќе биде дополнителен знак за бруталноста на Путин, без оглед на приказната што ја раскажуваат. Да бидеме јасни. Русија е одговорна. И за ова ќе имаме повеќе да кажеме подоцна. изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

„Алексеј Навални умре во руски затвор. Очигледно е дека тој е убиен од Путин. Како и илјадници други кои биле мачени, На Путин не му е грижа кој ќе умре, се додека тој ја задржува својата позиција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Говорејќи на маргините на Минхенската безбедносна конференција, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Навални со години е силен глас за слободата и демократијата.

Тој рече дека НАТО и НАТО сојузниците долго време бараа негово ослободување.

Столтенберг рече дека сите факти мора да се утврдат и Русија има сериозни прашања да одговори.

Зеленски рече дека Путин мора да изгуби сè и да одговара за своите постапки.

XS
SM
MD
LG