Линкови за пристапност

Арбен Таравари - кандидат за претседател на опозициските партии на Албанците


Арбен Таравари влегува во претседателската трка.
Арбен Таравари влегува во претседателската трка.

„Сигурен сум во вашата поддршка. Со почит го чекам гласот од секој од вас. Дојде времето државата да има претседател Албанец, не технички, туку вистински.“, изјави Арбен Таравари, кандидат на АА за претседател на Северна Македонија.

Арбен Таравари влегува во претседателската трка.

Таравари - кандидат за претседател на Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Се уште актуелниот лидер на Алијанса за Албанците, партија која се подели на две крила – едно што застана зад него и друго зад Зијадин Села, ќе биде кандидат на здружената опозиција на партиите на Албанците. Таравари вели дека ќе бара поддршка од сите граѓани без разлика на етничката припадност.

„Ќе побарам поддршка од сите партии, и од другите албански, македонски, бошњачки, турски партии. Но, пред се барам поддршка од народот.“, изјави изјави Арбен Таравари, кандидат на АА за претседател на Северна Македонија.

За официјализирање на каднидатурата ќе се оди на собирање 10 000 потписи за кои Таравари очекува да бидат обезбедени за неколку дена. Вели дека од поодамна се разгледувала варијантата тој да биде кандидат, но дека „пресекол“ вчеравечер.

„Предлогот е од пред еден месец, инсистирањето беше од пријатели, другари, истомисленици, седнавме со партиите од опозицијата, сега сме веќе заедничка албанска опозиција, во сабота тоа ќе го официјализираме и дојдовме до констатација дека најдобро би било јас да се кандидирам за претседател. Јас одлучив доцна синоќа да се кандидирам.“, изјави изјави Арбен Таравари, кандидат на АА за претседател на Северна Македонија.

Од албанскиот блок опозицијата прва истрча со својот кандидат. Сега не потег е владејачката ДУИ која, по денешната промоција на Таравари, извесно дека ќе излезе со свој предлог.

„Не чувствувам потреба да коментирам ставови на политички партии. Непотребен би бил било каков коментар од моја страна.“, истакна Талат Џафери, премиер на техничката влада.

- Дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори?

„Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не ДУИ.“, вели Талат Џафери, премиер на техничката влада.

Неофицијално, во одредени кругови, како можен кандидат на ДУИ се спомнува шефот на дипломатијата Бујар Османи.

И владејачкиот СДСМ се уште не пресекол кого ќе поддржи на претседателските избори – проценките се дека е речиси извесно дека шефот на државата Пендаровски ќе бара втор мандат од граѓаните.

Се очекува и одлуката на ВМРО-ДПМНЕ која, најверојатно, ќе оди со истиот кандидат од изборите 2019 – пратеничката Гордана Силјановска Давкова.

Досега, покрај Таравари, намерата да влезе во трката за позицијата претседател на државата, ја обелодени и професорката Билјана Ванковска, како кандидатка на Левица.

Собранискиот спикер, Митрески, вчера ги распиша двојните избори. Првиот круг претседателски ќе се одржи на 24 април, вториот заедно со изборите за пратеници ќе биде на 8 мај.

XS
SM
MD
LG