Линкови за пристапност

Премиерот бара разрешување на двајцата министри лојални на Арбен Таравари


Премиерот Талат Џафери денеска достави допис во Собранието во кој предлага, на првата наредна седница, да бидат разрешени министрите за здравство и за информатичко општество Фатмир Меџити и Азир Алиу.
Премиерот Талат Џафери денеска достави допис во Собранието во кој предлага, на првата наредна седница, да бидат разрешени министрите за здравство и за информатичко општество Фатмир Меџити и Азир Алиу.

Внатрешниот раскол во владејачката Алијанса за Албанците се рефлектира и на техничката влада.

Премиерот Талат Џафери денеска достави допис во Собранието во кој предлага, на првата наредна седница, да бидат разрешени министрите за здравство и за информатичко општество Фатмир Меџити и Азир Алиу – двајцата кадри на Алијанса кои ја избраа страната на актуелниот претседател Арбен Таравари, а не на екс-партискиот шеф Зијадин Села. Потегот на премиерот следи откако партиските тела на Алијанса побараа смена на двајцата министри.

Внатрешен раскол во владејачката Алијанса за Албанците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

На нивно место Џафери ги предлага Илир Демири за министер за здравство и Наим Бајрами за министер за информатичко општество. Се уште актуелниот министер за здравство, Меџити, кој застана зад Таравари, насетувајќи дека се подготвува негова смена изјави дека нема намера самиот да се повлече.

„Има Собрание каде седат пратеници кои ќе размислат... Ние како министри имаме право да се обратиме и ќе ги пратиме пратениците – индивидуалното нивно мислење е дека ние двајца добро сме работеле како министри. “, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

СДСМ, најголемата партија во владината коалиција, се оградува од внатрешниот конфликт во Алијанса, но не крие како ќе постапи по однос на предлогот на премиерот за разрешување на Меџити и Алиу.

„Како ќе гласа пратеничката група на СДСМ – таа ќе гласа во согласност со предлогот на Владата.“, изјави Димитар Ковечевски, претседател на СДСМ.

Ситуацијата во Алијанса кулминираше викендов кога на виделина излегоа внатрепартиските разлики – Таравари е за предизборно коалицирање со опозицискиот блок на Албанците, додека Села е за самостоен настап на претстојните избори.

На Таравари му се зема за грев тоа што, како што објаснуваат од другиот табор, самоиницијативно, без консултации со партиските тела, најавил дека Алијанса ќе оди со опозицијата на изборите.

Централното Собрание на партијата со кое претседава Зијадин Села в сабота ќе одржи состанок на кој ќе бара одговорност и до Таравари и од министрите и партиските функционери кои му останаа лојалани.

За вечерва пак, Таравари најави дека во Куманово ќе одржи консултативен состанок со делегатите на Собранието. И двете страни тврдат дека мнозинството членови на партијата, која е дел од владината коалиција, е со нив.

XS
SM
MD
LG