Линкови за пристапност

Руски ракетни напади врз Киев и Миколаев, тројца загинати


„Уште еден масовен руски воздушен напад врз нашата земја“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
„Уште еден масовен руски воздушен напад врз нашата земја“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во руските ракетни напади во средата загинале најмалку три лица во Киев и Миколаев.

„Уште еден масовен руски воздушен напад врз нашата земја“, рече Зеленски на социјалните мрежи.

„Шест региони беа под непријателски оган. Сите наши служби моментално работат на отстранување на последиците од овој терор“, изјавиу

Украинската војска детално детализираше голем бран руски напади во кои беа вклучени 20 беспилотни летала, 36 крстаречки ракети, пет наведувани ракети С-300 и три балистички ракети.

Украинското воздухопловство соопшти дека противвоздушната одбрана на земјата уништила 15 од 20 дронови и 29 од 44 проектили.

Зеленски рече дека во рускиот напад загина едно лице во Миколаев и уништени се десетици куќи во градот.

Во главниот град Киев, две лица загинаа, а најмалку 10 други се повредени, рече Зеленски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека била погодена висококатница и дека нападите, исто така, ја прекинале електричната енергија во некои области.

XS
SM
MD
LG