Линкови за пристапност

Tалат Џафери е мандатар за состав на новата влада


За Џафери да може да биде мандатар, Собранието претходно ја констатираше неговата, но и оставката на премиерот Ковачевски.
За Џафери да може да биде мандатар, Собранието претходно ја констатираше неговата, но и оставката на премиерот Ковачевски.

Талат Џафери од денеска е мандатар за состав на новата влада чија главна задача ќе биде да управува со земјата во периодот пред, за време на и по априлските и мајските двојни избори. Тој попладнето мандатот го доби од шефот на државата Пендаровски.

„Со задоволство и одговорност го примам мандатот со ветување дека совесно и врз основа на Уставот составот на владата и преговорите ќе се одвиваат соодветно на политичките потреби на државата.“

Џафери го доби мандатот за состав на новата Влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

За Џафери да може да биде мандатар, Собранието претходно ја констатираше неговата, но и оставката на премиерот Ковачевски, изјави Талат Џафери, мандатар.

„Собранието ја констатира оставката на Димитар Ковачевски со што во оставка е целата влада. Собранието ја констатира оставката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави Горан Мисовски, заменик-претседател на Собранието.

Опозицијата, тоа бурно го поздрави.

Со констатирањето на оставката на Џафери се отвори патот за избр на неговиот наследник – Јован Митрески. Координаторот на СДСМ со 64 гласа „за“ и без поддршка од опозицијата стана нов претседател на Собранието.

„Констатирам дека Јован Митрески е избран за претседател на Собранието.“, изјави Мисовски.

По примопредавањето на функцијата, новиот спикер, во првата изјава за медиуми, повика на соработка со сите партии застапени во парламентот.

„Имаат подадена рака се додека гледам дека тоа е исклучиво во интерес на граѓани и државата. Тоа е наш врвен интерес.“, изјави Јован Митрески, претседател на Собранието.

Денешните настани се најава за набиената политичка агенда во наредните два дена – мандатарот, најверојатно утре, до Собранието ќе ја достави предлог-програмата на владата како и нејзиниот состав – нови имиња ќе бидат само кадрите предложени од ВМРО-ДПМНЕ за министри за внатрешни работи и труд и социјала – Панче Тошковски и и Ѓоко Велковски како и тројца дополнителни заменици-министри за финанси, за информтичко општество и за земјдоелство - Елена Петрова, Стефан Андоновски и Цветан Трипуновски.

За оваа влада по „Пржински“ модел ќе се гласа в недела.

Понеделник ќе ѝ биде првиот работен ден.

XS
SM
MD
LG