Линкови за пристапност

ЕК: Нема напредок во судството и борбата против корупција во Северна Македонија


Усвојувањето на нова стратегија за судството доцни, пишува во извештајот. 
Усвојувањето на нова стратегија за судството доцни, пишува во извештајот. 

Сериозни критики се наведени во годишниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија. Забелешките на Брисел се движат од судските преку реформите во јавната администрација и справувањето со корупцијата до силната поделеност и партизираност во работата на парламентот.

Во делот на политичките критериуми се вели дека „Северна Македонија продолжува со напорите за зајакнување на демократијата, паралелно соочувајќи се со предизвици во областа на владеењето на правото.“

Судскиот систем и борбата против корупцијата се оценети дека се наоѓаат меѓу „некакво и умерено ниво на подготвеност“.

ЕК го објави извештајот за Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:15 0:00

„Немаше напредок во судството во периодот опфатен со извештајот. Судскиот совет треба да се стреми кон заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите... Контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет донесе загриженост за политичко влијание. Усвојувањето на нова стратегија за судството доцни“, пишува во извештајот.

Повеќе, детали -

EU flags fly outside the European Commission in Brussels
Извештај на ЕК за Северна Македонија

И во делот на борбата против корупцијата се нотира дека немало напредок.

„Корупцијата преовладува во многу области и е прашање на загриженост. Се зголеми бројот на одложувања и враќање на судски предмети поврзани со висока корупција што резултираше и со застарување на дел од овие случаи. Кривичниот законик беше изменет низ брза собраниска постапка што доведе до намалување на максималните казни за специфични корупциски кривични дела, а тоа пак се одрази и на запирање, па дури и на укинување на голем број случаи на висока корупција, дел од нив почнати од поранешното СЈО. Измените, исто така, ги блокираат обидите на надлежните институции за истражување и процесирање на слични дела. Ова претставува загриженост“, се вели во извештајот.

Во справувањето со организираниот криминал земјава стои подобро – се нотира дека имало некаков напредок и дека има добра соработка со државите од ЕУ и од регионот. Сепак, се очекувааат натамошни мерки во справувањето со перењето пари и слични финансии криминали.

За работата на парламентот се заклучува дека била обременета со политичка поларизација поради која, пак, било одложено усвојувањето на многу реформски закони и значајни именувања.

„Процесот на преговори за пристапување во ЕУ бара широк консензус од главните политички партии. Сите партии треба да се вклучат во конструктивна и инклузивна политичка дебата за да се зајакне улогата на Парламентот. Парламентот и владата се обврзаа да започнат и да ги постигнат, како приорите, релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите“, се заклучува во извештајот на ЕК.

За јавната администрација се вели дека е умерено подготвена и дека во измината година имало ограничен напредок. За минус се зема што се уште не е усвоен ревидираниот закон за јавни службеници...


Кај слободата на изразување се констатира „ограничен напредок“ – општиот контекст дека има медиумска слобода и дека се дозволува критичко известување.


„Беа забележани голем број напади, закани и застрашување кон новинари. Потребна е поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии“, вели Брисел.

Во областа на контрола на разузнавачките служби се очекува зајакнување на капацитетот за парламентарна контрола.


Во делот на економските критериуми се смета дека Македонија имала „некаков напредок“ и дека има добро ниво на подготвеност во создавање функционална пазарна економија.

Извештајот дава позитивен преглед за усогласеноста на земјата со европската надворешна и безбедносна политика и дека со тоа „Северна Македонија се покажала како сигурен партнер на меѓународно ниво“.

Првиот човек на ЕК на презентацијата на овогодишниот пакет за проширување повтори дека овој процес останува клучен приоритет на Брисел.

Во областа на контрола на разузнавачките услуги се очекува зајакнување на капацитетот за државна контрола. Во делот на економскиот буџет се смета дека Македонија имала „некаков напредок“ и дека има добро ниво на подготвеност во создавање на функционална пазарна економија.

Извештајот дава преглед за територијата на земјата со европска и надворешна безбедносна политика и дека со тоа „Северна се покажа како сигурен партнер на меѓународното ниво“. По извештајот, каде е т.н. европски фронт на власта – се прашува против.

„Извештајот на ЕК за 2023 година е доказ дека лажните се јавуваат на власта на СДС и ДУИ дека се фокусира на европската агенда. Извештајот кој е одраз на тажната реалност, одраз на состојбата на стагнација и во овој дел назадување во која се наоѓа Македонија.“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта пак, „топката“ за делот на европскиот извештај ја префрла таа кај опозицијата.

„Јасно во извештајот се вели дека политичката поларизација и блокирањето на парламентот оневозможува да се донесат голем број на законски и реформски решенија кои би ги адресирале оние коишто се гледано ги констатира ЕК и тоа навистина е сериозна порака до сите политички партии.“, Бујар Османи , министер за надворешни работи.

„Проширувањето е витална политика за ЕУ и тоа го кажувам од преземањето на функцијата. Комплетирањето на нашата унија е повик на историјата и тоа е природниот хоризонт на ЕУ. Граѓаните на земјите кои сакаат да ни се приклучат се Европејци, исто како и луѓето во денешната унија. Проширувањето е и инвестиција во нашата безбедност.“, изјави Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на ЕК.

Европската комисија денеска препорача почеток на преговори со Украина и Молдавија, предложи кандидатски статус за Грузија и отворање на преговори со Босна и Херцеговина штом земјата „постигне одредено ниво на усогласеност.“

XS
SM
MD
LG