Линкови за пристапност

Законот за амнестија не помина во Собранието


Пратениците не ги предомислија ниту фотографиите од условите во затворите
Пратениците не ги предомислија ниту фотографиите од условите во затворите

Вака заврши оваа иницијатива на владата за носење закон за амнестија. Со 66 гласови против и само 15 „за“ Собранието не ја усвои потребата за носење на ваков закон по скратена постапка.

Пратениците не ги предомислија ниту фотографиите од условите во затворите што пред гласањето им ги подели министерот за правда, ниту неговото образложение зошто има потреба од вакво законско решение.

Не помина предлог - законот за амнестија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

„Основна цел за носење на овој е алармантната состојба во затворите – лоши услови и многу затвореници. Вакви препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции и затоа е иницирано ова законско решение.“, изјави Кренар Лога, министер за правда.

Лога не ја криеше разочараноста затоа што предлогот за носење закон по скратена постапка не помина. Гледа политичка позадина.

Ова го гледам како одмазда кон мене и мојата политичка партија зашто не дадовме поддршка на измените на кривичниот законик.
Лога, министер за правда

„Македонија денеска е понеправедна држава од вчера и тоа е епилогот од ова што денеска се случи. Ова го гледам како одмазда кон мене и мојата политичка партија зашто не дадовме поддршка на измените на кривичниот законик.“, изјави Кренар Лога, министер за правда.

Лога е кадар на „Алијанса за Албанците“. Дали ова значи дека има можност за партијата да ја напушти владината коалиција.

Излегувате ли од влада, г-дине Лога?

„Не.“

Има ли криза во владината коалиција?

„Не, нема. Кажав, денеска македонија е помалку праведна држава. Продолжуваме понатаму – денеска не се прифати предлогот законот да се носи по скратена постапка. Јас, пак ќе ја повторам постапката, но во редовна процедура, ако пак сакаат дежа – ву, пак ќе ја имаат таа можност.“, изјави Лога на новинарско прашање.

Најави дека веќе во наредните денови пак ќе иницира предлог за носење на законот кој меѓу другото предвидува целосно ослободување на лицата осудени на затворски казни до шест месеци, а осудениците кои со правосилна пресуда се осудени на затворски казни поголеми од 6 месеци да се ослободат од издржување на 30 отсто од вкупната казна.

Законот не ги опфаќа тешките кривични дела.

Опозицијата, во пресрет на денешното гласање, најави дека ќе го блокира усвојувањето на предложениот закон со поднесување амандмани, а ако законот се однесува и на осудениците од случајот „Монструм“ амандмани најави и владејачкиот СДСМ.

XS
SM
MD
LG