Линкови за пристапност

Урсула фон дер Лајен доаѓа во Скопје за да ги „поттурне“ уставните измени


Нејзиното доаѓање во Скопје се поклопува со стравувањата за можно одвојување на Македонија од Албанија во европскиот пакет.     
Нејзиното доаѓање во Скопје се поклопува со стравувањата за можно одвојување на Македонија од Албанија во европскиот пакет.     

Шефицата на Европската комисија во наредните две седмици ќе ја посети земјава. Информацијата дека до крајот на месецот Урсула фон дер Лајен ќе дојде во Скопје денеска ја потврди и премиерот Ковачевски.

Главна цел на нејзината посета е да се обиде да ги „поттурне“ уставните измени – процес заглавен во Собранието и во дневнополитичките надмудрувања меѓу власта и опозицијата. Се очекува фон дер Лајен, меѓу другото, да повтори дека сега е моментот за Северна Македонија да ја искористи шансата во проширувањето кое по руската агресија врз Украина стана и безбедносно прашање за Унијата. Нејзиното доаѓање во Скопје се поклопува со стравувањата за можно одвојување на Македонија од Албанија во европскиот пакет.

„Јас се надеваме дека Северна Македонија ќе ја задржи својата лидерска позиција во регионот и дека нема да се случи другите земји да одат пред нас, а ние да останеме во група со Косово и со Босна и Херцеговина. Ние како држави сме на повисоко ниво, според перформансите, и заслужуваме прва да влеземе во ЕУ во 2030. Сега од нас зависи, а не од никој друг. Ние еднаш се разделивме од Хрватска кога не носевме одлуки и истите тие кои тогаш не ги носеа одлуките, сега се против носење одлуки за европски интеграции. Гледајте сега каде е Хрватска, а заедно почнавме.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Евроамбасадорот во земјава избегна да одговори на прашањето за потенцијално одвојување на Скопје и Тирана поради блокираните уставни измени, неопходни за отворање на преговарачките поглавја. Гир се реферираше на изјавата на Ковачевски...

„Суверена одлука на оваа земја е што ќе преземе во однос на уставните измени. Се надевае дека државата ќе може да напредува во делот на уставните измени, како и во однос на реформите кои се суштински и се дел од вашиот европски пат. Наредните чекори зависат од вас, а не од Европскиот совет, или од земјите-членки.“

Иако Унијата, со почетокот на војната во Украина, го врати фокусот врз проширувањето, особено на земјите од Западен Балкан, тоа не значи дека регионот останува имун на влијанијата од „надворешни“ играчи. Денеска беше презентирана студија за влијанието на Кина врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

Наодите се дека кинескиот пристап влијае на конкретни резултати, истовремено поддржувајќи и поткопувајќи го процесот на пристапување во Унијата. Истовремено, документот го анализира влијанието на Пекинг и ги идентификува областите во кои „западнобалканската шесторка“ може да ги елиминира или намали негативните ефекти од кинеското делување, изјави Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG