Линкови за пристапност

Демонстрации на Западниот Брег, Јордан, Иран за експлозијата врз болницата во Газа, која има многу жртви


Смртоносната експлозија во болница во Газа предизвика протести низ целиот регион, со широко распространета вина фокусирана на Израел за изведување на напад за кој, Тел Авив, ги обвинува милитантите од групата Исламски џихад.

Либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, повика на „Ден на гневот“ во среда за осуда на нападот.

По експлозијата во вторникот, за која Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти дека убило 500 луѓе, избија протести на неколку локации во Либан, вклучително и пред француската амбасада во Бејрут.

Демонстрантите се собраа и пред амбасадите на Израел во Турција и Јордан, како и пред амбасадите на Велика Британија и Франција во главниот град на Иран и француската амбасада во Тунис.

На Западниот Брег, палестинските сили употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите кои го изразија своето противење за претседателот на палестинската управа Махмуд Абас.

Некои информации се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG