Линкови за пристапност

Бајден пристигна во Израел во знак на поддршка на долгорочниот сојузник


Додека Бајден  се среќава со израелските лидери во знак на поддршка за долгорочниот сојузник, клучниот состанок во Јордан со арапските лидери беше откажан по експлозијата.
Додека Бајден  се среќава со израелските лидери во знак на поддршка за долгорочниот сојузник, клучниот состанок во Јордан со арапските лидери беше откажан по експлозијата.

Претседателот Џо Бајден пристигна во средата во Израел во услови на засилен конфликт по големата експлозија во болница во Газа, која поттикна низа обвинувања за вина и протести низ целиот регион.

Додека Бајден се среќава со израелските лидери во знак на поддршка за долгорочниот сојузник, клучниот состанок во Јордан со арапските лидери беше откажан по експлозијата.

Милитантите на Хамас го обвинија Израел за експлозијата во арапската болница Ахли во градот Газа, нарекувајќи ја „злосторство на геноцид што уште еднаш го открива грдото лице на овој криминален непријател и неговата фашистичка и терористичка влада“.

Во соопштението се наведува дека има „стотици жртви, од кои повеќето раселени семејства, пациенти, деца и жени“.

Палестинските власти соопштија дека се убиени околу 500 луѓе.

Израелските одбранбени сили негираа дека се виновни, велејќи дека погрешна ракета истрелана од паравоениот палестински Исламски џихад го погодила местото на болницата. Милитантната група ја негираше одговорноста.

Портпаролот на израелскиот сили, адмиралот Даниел Хагари, изјави за новинарите во средата дека нема структурни оштетувања на згради, ниту кратер, што би било во согласност со израелскиот воздушен напад. Тој, исто така, го обвини Хамас дека го фингира бројот на жртвите.

Бајден му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „длабоко тажен и огорчен од експлозијата во болницата“ и дека „врз основа на она што го видов, тоа го направи другата страна, а не вие“.

XS
SM
MD
LG