Линкови за пристапност

Стејт департмент: Најмалку 22 американски државјани загинати во Израел; Блинкен патува за регионот


Американскиот државен секретар Антони Блинкен патува за Израел за да донесе „порака за солидарност и поддршка“, соопшти Стејт департментот.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен патува за Израел за да донесе „порака за солидарност и поддршка“, соопшти Стејт департментот.

„Во овој момент, можеме да ја потврдиме смртта на најмалку 22 американски државјани во Израел. Упатуваме најдлабоко сочувство до жртвите и до семејствата на сите погодени, потврди претставник од Стејт департментот.

Израел соопшти дека неговата војска погодила 200 цели во Појасот Газа во текот на ноќта, додека израелските трупи се собирале во близина на границата со Газа пред потенцијалната копнена офанзива.

Бројот на загинати на израелската страна од нападот на Хамас што започна во саботата се искачи на 1.200 луѓе, главно цивили, а уште 2.700 се ранети.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен патува за Израел за да донесе „порака за солидарност и поддршка“, соопшти Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави за новинарите дека Блинкен сака да слушне од израелските лидери „за ситуацијата на теренот и како можеме да продолжиме најдобро да ги поддржуваме во нивната борба против терористите кои ги извршија овие ужасни напади“.

Покрај загинатите Израелци, има и државјани од други земји. Австралија, Бразил и Филипините беа меѓу оние што потврдија загинати на нивни државјани.

XS
SM
MD
LG