Неопходно е граѓаните да станат отпорни на лажните вести, дезинформациите и манипулациите на кои секојдневно се подложни - заклучија учесниците на дебатата „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“ која по повод Меѓународниот ден на демократијата го организираше УНДП. Општа констатција е дека мора повеќе да се инвестира во медиумската писменост и дека и медиумите мора да помогнат во тој процес.
70 проценти од граѓаните на Македонија покажуваат тенденција да веруваат, без притоа да ги потврдат изворите на информации кои ги следат.УНДП за Северна Македонија
„Во Северна Македонија, како и во многу други делови од светот, еден од важните елементи на дезинформации е индексот на медиумска писменост. 70 проценти од граѓаните на Македонија покажуваат тенденција да веруваат, без притоа да ги потврдат изворите на информации кои ги следат. Во земји како Финска, тој процент изнесува само 10 отсто. Затоа, медиумската писменсот и довербата во медиумите е нешто што треба да го следиме.“, изјави Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.
„Дали би кликнале на банер кој вели `ајфон` за 114 денари? Кој би кликнал, нели: Но, за жал, најголемиот дел од нашите граѓани би кликнале. Треба да се соочиме со реалноста, колку и да водиме академски дебати, треба да соочиме со реалноста. Во оваа фаза на политичка, медиумска култура, неопходна е медиумската писменост и таа не е многу добро развиена.“, истакна Сеад Џигал, комуниколог.
„Постојано се движиме во поле каде што фактите може да бидат заматени, со вистините може да се манипулира и дезинформациите се шират побрзо од точните информации. Дезинформациите, без разлика дали се намерни или ненамерни, ја загрозуваат самата суштина на нашата професија. Благодарение на нив, се нагризува довербата во медиумите, се делат заедниците, без оглед кои и да се.“, оцени Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.