Линкови за пристапност

Сенатот изгласа да се зголеми лимитот на долгот


Двопартискиот акт сега оди кај претседателот Бајден за негов потпис.
Двопартискиот акт сега оди кај претседателот Бајден за негов потпис.

Американскиот Сенат гласаше во четвртокот вечерта со 63 спрема 36 за поддршка на мерката што ќе им овозможи на САД да продолжат да ги плаќаат своите сметки.

САД беа на пат да останат без готовина за четири дена.

Двопартискиот акт сега оди кај претседателот Бајден за негов потпис.

„Вечерва, сенаторите од двете партии гласаа да го заштитат тешко заработениот економски напредок што го постигнавме и да спречат да избегнеме неплаќање на сметките од САД“, рече Бајден во изјавата.

Претставничкиот дом со големо мнозинство гласаше во средата вечерта, со широка поддршка и од републиканските и од демократските пратеници, да и се дозволи на владата да продолжи да позајмува повеќе пари во текот на следната година и половина за да ги исполни своите финансиски обврски, надминувајќи ги сегашните 31,4 трилиони долари граница на долгот.

Законодавството не поставува нова монетарна граница, но овластувањето за позајмување ќе се продолжи до 2 јануари 2025 година, два месеци пред претседателските избори следната година.

XS
SM
MD
LG