Борбите во источните украински региони Доњецк и Луганск продолжија во изминатите 24 часа, соопшти украинската војска рано во средата.
Русија во средата соопшти дека во украинското гранатирање во областа Луганск во источна Украина загинале пет лица, а 19 други се ранети. Украинската војска веднаш не ги коментираше руските наводи.
САД ќе обезбедат нови 300 милиони долари нова воена помош за Украина во пакетот што се очекува да вклучи муниција за украинскиот ракетен одбранбен систем Патриот, изјавија претставници на Одделот за одбрана за Гласот на Америка.
Во нападите била погодена живинарска фарма во селото Карпати, соопштија руските власти.
Тие додадоа дека Украина користела ракети ХИМАРС, обезбедени од САД.