Филип Рикер, поранешен амбасадор во Скопје и помошник - државен секретар на САД во интервју за Гласот на Америка се осврнува за неодамнешниот Меморандум за разбирање меѓу Северна Македонија и САД, кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против дезинформации. Како може САД да ѝ помогнат на Македонија да се справи со руското влијание на лажни вести?
Глас на Америка: Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин, потпишаа Меморандум за разбирање кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против манипулацијата со информации. Што значи ова за Македонија, и кои се импликациите за регионот?
Еден аспект на одбраната е дека сајбер-безбедноста е заштита од дезинформации. Живееме во ера на технологија што го прави многу тешко секогаш да се дојде до вистината, до фактите. Ова е нешто што НАТО го сфаќа многу сериозно.Рикер, поранешен амбасадор во Скопје
Филип Рикер: Мислам дека тоа е многу важен меморандум, тратешки меморандум. Фокусот е дел од одбраната, Северна Македонија и САД, нашите сојузници во НАТО. Многу сме горди што ја имаме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. Секретарот Блинкен го подвлече тоа на средбата со премиерот. Еден аспект на одбраната е дека сајбер-безбедноста е заштита од дезинформации. Живееме во ера на технологија што го прави многу тешко секогаш да се дојде до вистината, до фактите. Ова е нешто што НАТО го сфаќа многу сериозно.
Глас на Америка: Зошто ваков Меморандум само со Северна Македонија? Кој е следен од Балканот?
Филип Рикер: Сите земји во регионот се соочуваат со некои од истите предизвици. Ние сме многу свесни за дезинформациите што ги објавува Путин и Русија. Тоа го гледаме многу години. Тоа го знаеме овде, во САД. Знаеме за манипулација со социјалните медиуми, со други медиуми, со дезинформации. Мислам дека е одлично што специјалниот пратеник Рубин можеше да патува во регионот, вклучително и во Северна Македонија во април. Имаше средби, а со посетата на премиерот овде на Вашингтон, беше одлична можност прв да потпише еден од овие договори, што само ќе им овозможи на нашите две влади да работат заедно за да се справиме со предизвикот на дезинформациите во оваа ера на современи медиуми.
Глас на Америка: Дали имате загриженост за напорите на Русија да шири дезинформации за да ја поткопа демократијата и националната безбедност, особено во Македонија, земја со растечко руско влијание на Балканот?
Филип Рикер: Мислам дека навистина го видовме влијанието на делот од пристапот на Путин да се обиде да создаде не само дезинформации, туку и немир. Како што често се вели, тоа е дел од руските проекти за дестабилизација. Дел од тоа да се биде сојузник на НАТО е сите да работиме заедно и да се обидеме да се бориме против тие аспекти. НАТО е одбранбена Алијанса и е фокусирана на заштита на своите земји-членки од овие видови на деструктивни елементи.
Глас на Америка: Како може САД да ѝ помогнат на Македонија да се справи со руското влијание и ширењето дезинформации?
Заедно можеме да ги разгледаме напорите кои можат да помогнат во борбата против видот на дезинформации кои им помагаат на медиумите да се уверат дека се фокусирани на вистинатаРикер, поранешен виш дипломат во Стејт департментот
Филип Рикер: Мислам дека тоа е работа на специјалниот пратеник Рубин, кој раководи со Центарот за глобален ангажман во Стејт департментот, кој работи под државниот секретар Блинкен. Очигледно, Рубин има големо искуство во областа од многу години наназад. Беше и во приватниот сектор. И заедно можеме да ги разгледаме напорите кои можат да помогнат во борбата против видот на дезинформации кои им помагаат на медиумите да се уверат дека се фокусирани на вистината. Да ги имаат фактите и да не бидат убедени во спротивното преку социјалните мрежи или други напори од Русија на Владимир Путин или други кои сакаат да нарушат и во регионот.
Глас на Америка: Ниту една земја на Балканот не направила повеќе за пробив на патот кон ЕУ, но ниту една не се соочила со толку препреки да ги оствари целите. Дали сметате дека Македонија ќе може да крајот на годината да го отвори првото поглавје со ЕУ?
Филип Рикер: Мислам дека е извонредно што Скопје ги започна разговорите со Брисел во однос на пристапните преговори. Очигледно има некои чекори на патот што треба да се изодат, што, пак, иако САД не се дел од Европската унија, се разбира, долго го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ. Кога бев во американската влада, тоа секако го правев во Брисел, меѓу членките на Европската Унија. Северна Македонија презеде големи реформи за да продолжи на тој пат, исто како што направија за членството во НАТО. Бев многу горд кога успеавме конечно да ја видиме Северна Македонија и како 30-та членка на НАТО во 2020-та.