Линкови за пристапност

Урамнотежување на платите кај сите од буџетот, не само за функционерите


Професорката по економија, Јованка Дамоска - Секулоска, вели дека не може да се најде оправдување за ваквото зголемување на платите.
Професорката по економија, Јованка Дамоска - Секулоска, вели дека не може да се најде оправдување за ваквото зголемување на платите.

„Изгледа тие се многу гладни, многу пари им требаат. Ние сиромавите научени сме, помали стомаците им се на луѓето, а тие 2000 евра да земат плата, а другите 20000 денари. Плус патни трошоци, плус ручеци без пари, службени автомобили, затоа нема народот пари, затоа си отидоа сите“, вели еден револтиран граѓанин.

И додека функционерите се офајдија со плати повисоки за 78%, едно неодамнешно испитување на Институтот за политички истражување, за Детектор, покажува дека за над 60% од македонските граѓани, месечните приходи, не се доволни, за задоволување на потребите, кои ги имаат во текот на еден месец.

Реакции за платите на функционерите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00

Вака, реагираат граѓаните.

„Пензиите се мали, платите мали, а ваму се големи. Народот вака нека шета по улици. Тие нека одат на Халкидики и таму нека се шетаат каде сакаат.

Глас на Америка: Изгубивте ли доверба во функционерите?

„Како не, не само во овие, туку и порано што беа тие“.

„Се прашувам зошто секогаш да се мисли на личните интереси. Зошто да не се мисли на народот“.

Милка Ристова, судијка во Врховен суд во пензија, вели дека одлуката на Уставниот суд, е легална и е заснована на Уставот: „Време е да се направи препрочитување на сите закони, кои ги уредуваат платите во нашата држава на сите категории граѓани. За таа цел, Владата не требаше да избрза веднаш да почне да ја извршува одлуката, туку да се направеше стручна група, која на сеопфатен начин ќе го уреди прашањето за наградување на сите вработени од највисоките функционери до најниските“, вели Ристова.

Смета дека треба да дојде до урамнотежување на платите, кај сите, кои истите ги добиваат од буџетот на државата.

„Ниедна одлука на Уставен суд, не се пристапило така брзо да се изврши, како оваа одлука. Таа иницијатива хронолошки гледано е поднесена пред една година, а има иницијативи кои за многу важни прашања, се поднесени пред 3-4 години, а се уште не се дојдени на дневен ред“, коментира Милка Ристова- судијка од Врховен суд во пензија.

Професорката по економија, Јованка Дамоска - Секулоска, вели дека не може да се најде оправдување за ваквото зголемување на платите.

„Од причина што сметаме дека тоа ќе биде дополнително оптоварување на буџетот. Доколку не биле предвидени средства тоа ќе значи пренамена на средства, кои можеле да се искористат за многу попродуктивни цели“, вели Јованка Дамоска – Секулоска, професорка по економија.

Но, тоа вели ќе повлече и други контра-ефекти.

„Еден од резултатите на ваквите чекори ќе биде, луѓето гледаат дека постои голема нееднаквост во распределбата на доходот и еден од тие излези од таквата ситуација ќе биде напуштање на државата“, Јованка Дамоска - Секулоска-професорка по економија.

Професорката предупредува, дека во услови на економска криза, секое неоправдано зголемување на доходот, може да ја подгрее инфлацијата во државата.

XS
SM
MD
LG