Владата на денешната седница усвои пет предлог-закони - за работни односи, за урбанистичко планирање, за градење, за експропријација и за утврдување на јавен интерес кои ќе ги достави до Собранието со европско знаменце односно по скрарена постапка. На овој начин ќе се избегне блокадата која е во моментов на измените што се влезени во Собраниска процеудра. Од Владата ја правдаат одлуката со итност, од Делегацијата на ЕУ со реакција дека европското знаменце не треба да го има на овие закони, од ССМ со реакција и осуда на изменит во законот за работни односи. Цената на проектот порасна на 1,5 милијарди евра со постоечките закони
СКОПЈЕ - Законските измени поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10-д и договорот со „Бехтел и Енка“ кои во Собрание, Владата ги одглавува со европско знаменце. На денешната седница Владата усвои пет измени на закони кои ќе ги достави до Собранието но со знаменце што значи скратена постапка. Првиот вицепрмиер, министер за политички систем и односи меѓу заедниците и Координатор на проектот, Артан Груби, одлуката ја бранеше со блокадата во Собранието и потребата за поефтино и побрзо изведување и ззавршување на коридорите.
„ Увидувајќи ја очигледната блокада и заложништво на законите од страна на опозицијата и имајќи ги предвид интересите на граѓаните за брза поевтина и квалитетна изградба на автопатиштата Владата на денешната седница усвои пет предлог-закони кои ќе ги достави до пратениците. Со оглед на фактот што ЕУ го додаде на мапата на европските коридори и Коридорот 8 како и неговото геостратегиско значење заедно со Коридорот 10 и кракот 10-д и дека за овие закони веќе подолго време во нашата јавност се води дебата и во Собранието и во Владата и во медиумите одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Ги замолуваме пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата со над 150 милиони евра пари на граѓаните и да не ги загрозуваат националните и стратегиски проекти само заради дневна политичка агенда. Од пратениците зависи дали ќе се гради побрзо и поевтино или побавно и поскапо“, рече Груби.
Груби уверуваше дека не станува збор за исполнување на рокови за носење на законски измени за да се избегнат плаќања на пенали кон Конзорциумот „Бехтел и Енка“.
Шеесет часовна работна недела е една од измените на кои инсистира Владата во Законот за работни односи.
„ Првата измена е на одредбата која се однесува на прекувремена работа, односно заради потребата од континуитет во работата на овој проект се наметнува потребата од прекувремена работа која може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно. Работниците се заштитни со Законот за работни односи и секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 отсто согласно Законот и колективниот договор. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено и доколку не сака нема да биде принуден со сила да работи прекувремено. Согласно законот, работниците имаат право на дневен и неделен одмор“, рече Енвер Хусејин заменик-министер за труд и социјална работа
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги образожи измените во законот за градење и за урбанистичко планирање. Тој беше дециден дека нема време за калкулаци и бидејќи Северна Македонија е пред изборот дали да биде крстосница и главна рута на Балканот или обиколница. Законските измени нема да важат за изградбата на Коридорите 8 и 10-д туку за сите протекти ос стратешко значење - патишта, железници и гасоводи.
„Не ги зобиколуваме или кратеми постапките туку ги забрзуваме роковите заради ефикасност“, рече Бочварски.
Измените во законот за урбанистичко планирање предвидуваат скратени рокови.
„ Разликата од стандардната процедура, во однос на овој урбанистички проект за градби од стратешки интерес е тоа што роковите за постапување на институциите и прибавување на потребната документација се многу пократки заради брза реализација на терен. Нова измена е што комплетниот урбанистички проект за градби од стратешки интерес се доставува до Владата и Владата го донесува“, објасни Боќварски.
Во законот за градење се скратува административната постапка а инвеститорот може да гради во делови за за кои е одобрен проектот од Владата.
„ Во однос на Законот за градење, прифаќаме нов модел на фазна изградба каде на Изведувачот му даваме право во исто време да проектира и да гради. Единствената разлика е во тоа што временски ја намалуваме административната постапка бидејќи инвеститорот ќе може да започне со фазна градба на поедини делови од делниците кои се без имотно правни пречки. Тоа што е важно, е дека на крај на изградбата, Министерството за транспорт и врски дава одобрение за употреба, но претходно мора да се направи технички преглед и да се утврди дали градбата е изградена согласно проектот и тоа заверен од надзорен инженер", изјави Бочварски.
Покрај ДДВ, се укинуваат и давачките за промет односно царините и акцизите за изведувачите на стратешки проекти, остануваат даноците на личен доход, добивка и плаќањето придонеси. Ова се измените во законот за утврдување на јавен интерес.
Измените во законот за експропријација чиј предлагач исто така е министерството за финансии предвидуваат плаќање на закуп и за дивоградбите кои се наоѓаат на трасата
„ Измените се во интерес на граѓаните и ги штитат нивните права и не значат дека ќе се овозможи легализација на нелегално изградени објекти. Легализацијата на бесправно изградените објекти, а за кои има поднесено барање се одвива согласно законско решение донесено во 2011 година и направени измени подоцна. Она што се овозможува со измените во Законот, што денеска беа усвоени на седницата, е дека граѓаните за имот кој ќе биде предмет на експропријација, а живеат во него, ќе имаат право на надомест за закуп во период од 12 плус 6 месеци“, рече министерот Фатмир Бесими.
Од Делегацијата на ЕУ со реакција дека европското знаменце не треба да го има на овие закони.
„ Во конкретниот случај, нацрт-легислативата се чини дека не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ние ја изразивме нашата загриженост до домашните власти и бараме дополнителни објаснувања. Како што веќе рековме во последователните извештаи на Европската комисија за Северна Македонија, употребата на брзи процедури треба да биде ограничена и да се применува само кога е оправдано да се користи за да се унапреди реформската агенда кон ЕУ. Тоа не треба да се користи за заобиколување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во Законодавниот дом“, соопштија од Делегацијата на ЕУ.
Инаку според Координаторот Груби, вредноста на договорот со „Бехтел и Енка“ е 1,5 милијарди евра според постоечкото законодавство а не 1,3 како од почетокот па досега тврдеа во јавноста.
Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ)веднаш се јави со реакција во која ја осуди одлуката на Владата и најавија дека жестоко ќе ги бранат правата на работниците и 40 часовната работна недела.
„ ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ како најголеми синдикални централи во Македонија, кои заеднички здружуваат повеќе од 150.000 работници во Македонија, најостро ги осудуваат одлуките на Владата, по итна постапка и со европско знаменце да воведат неевропски вредности во Македонија, без расправа и согласност на социјалните партнери. Владата воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците. Со оваа одлука Владата не води грижа за животот и здравјето на работниците туку единствено ги гледа своите интереси и интересите на нејзините стратешки партнери, жртвувајќи ги работниците и нивните семејства“, стои во соопштението на ССМ
Од Обвинителството соопштија дека денеска Владата го доставила договорот со Конзорциумот „Бетел и Енка“.
„ Договорот, како и содржината на севкупната електронска документација од Електронскиот систем за јавни набавки поврзана со сите постапки за јавните набавки каде како предмет на договор се јавуваат коридорите 8 и 10-д, во наредниот период ќе бидат анализирани во насока на утврдување на елементи на евентуално сторено кривично дело“.
Во Антикорупциската комисија која има отвроено предмет за изборот за надзор се уште го чекаат договорот кој треба да им го достави Владата.