Линкови за пристапност

Украинскиот претседател Зеленски во посета на Полска


Полска беше клучен сојузник за Украина
Полска беше клучен сојузник за Украина

Украинскиот претседател Володомир Зеленски е во Полска на средба со тамошните лидери, како и со јавноста и украински бегалци кои избегаа откако Русија ја започна инвазијата во Украина.

Полските власти рекоа дека претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки со Зеленски ќе разговораат за конфликтот, како и меѓународна поддршка и соработка.

Полска беше клучен сојузник за Украина. Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека има 1,5 милиони украински бегалци кои се регистрирале со статус на привремена заштита во Полска.

Полска, исто така служеше како главен центар за испраќање на воена и хуманитарна помош кон Украина.

САД на Украина ѝ обезбедува пакет воена помош вреден 2,6 милијарди долари.

Дел од информациите за овој извештај се од Агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG