Линкови за пристапност

Неволјите на Трамп: Што содржат 34-те обвинителни акти?


Документот со обвинение беше објавен во вторникот попладне, откако Трамп првпат се појави во Врховниот суд на Менхетен, каде што се изјасни за невин по сите обвиненија.
Документот со обвинение беше објавен во вторникот попладне, откако Трамп првпат се појави во Врховниот суд на Менхетен, каде што се изјасни за невин по сите обвиненија.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се соочува со 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја од прв степен, обвиненија за кривично дело што може да го одведат во затвор до четири години по секоја точка.

Ова е според новообјавеното обвинение од Големата порота во Њујорк.

Обвинението е првпат во историјата на САД – актуелен или поранешен претседател да биде кривично обвинет, и доаѓа во момент кога Трамп бара републиканска номинација на претседателските избори во САД во 2024-та.

Документот со обвинение беше објавен во вторникот попладне, откако Трамп првпат се појави во Врховниот суд на Менхетен, каде што се изјасни за невин по сите обвиненија.

Обвиненијата произлегуваат од премолчена исплата што тогашниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, ја направил за време на претседателската кампања во 2016-та, на актерка од филмови за возрасни, која тврдела дека имала сексуална средба со Трамп една деценија порано.

Обвинителите велат дека исплатата од 130.000 долари била дел од незаконската шема за потиснување на приказните што може да ја оштетат кандидатурата на Трамп.

Шемата била меѓу Трамп, Коен и Дејвид Пекер, издавачот на таблоидот National Enquirer, кој ги купи правата на неколку приказни и никогаш не ги објави. Како дел од шемата, велат обвинителите, Пекер, долгогодишен пријател на Трамп, направил две други плаќања, едно на поранешна манекенка на Плејбој и друго на поранешна вратарка на Кулата Трамп.

Трамп му ја надомести на Коен исплатата на Даниелс во 2017 година, но обвинителите велат дека тој ја прикрил како плаќање за „правни услуги“, што Коен никогаш не ги извршил. Трамп го направил тоа со лажни фактури од Коен, генерирање ваучери и намалување на месечните чекови од 35.000 долари на Коен.

Оваа измама, рече окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, се повторувала, постојано во текот на 2017 година.

„Девет последователни месеци“, рече Брег на прес-конференцијата по обвинувањето на Трамп, „обвинетиот држел документи кои ја содржеле оваа клучна лага, дека му плаќал на Мајкл Коен за правни услуги, извршени во 2017 година“.

Севкупно, велат обвинителите, биле направени серија од 34 „лажни деловни записи“ помеѓу февруари и декември 2017 година, секој од нив, претставувал фактура од Коен, ваучер од Организацијата Трамп или чек од Трамп или неговата компанија. Овие записи ја формираат основата за секоја од 34-те кривични точки против Трамп.

На пример, првата, е поврзана со фактура што Коен ја достави до Организацијата Трамп на 14 февруари 2017 година. Фактурата наводно изнесува 70.000 долари за „правни услуги“ извршени во јануари и февруари. Но, во реалноста, обвинението требаше да покрие дел од исплатата на Коен на Даниелс.

Има докази дека во два одделни ваучери генерирани од Организацијата Трамп како одговор на фактурата, додека некои се засноваат на чек од 70.000 американски долари до Коен од страна на Доналд Трамп.

Севкупно, Коен добил 11 чекови од Трамп, во износ од 420.000 долари.

Првите два, дошле од Организацијата Трамп, а остатокот од личната банкарска сметка на Трамп додека тој беше претседател во Белата куќа.

Обвинителите ја детализираа шемата во „изјава на факти“ што го придружуваше обвинението.

Секој чек бил обработен од Организацијата Трамп, и маскиран како плаќање за правни услуги дадени во даден месец од 2017 година, согласно „договор за задржување“, напишаа обвинителите. „Записите за плаќања, чувани и одржувани од Организацијата Трамп, беа лажни деловни записи во Њујорк“, велат тие.

Фалсификување деловни книги или правење „лажен запис во деловните книги на претпријатие“ е кривично дело во Њујорк.

Окружниот јавен обвинител Брег го нарече обвинението „леб и путер“ за работата на неговата канцеларија.

Прекршокот вообичаено казнува со затвор до една година. Но, тоа се искачува на ниво на кривично дело - со казна до четири години затвор, кога е извршено со намера да се изврши или сокрие друго кривично дело.

https://www.nysenate.gov/legislation/laws/PEN/175.10

Иако обвинението не ги прецизира другите наводни престапи на Трамп, обвинителите, како во изјавата за фактите, така и во нивните јавни коментари по обвинението, наведоа неколку можни прекршувања кои би можеле да се користат како „смислени криминални злодела“ во случајот.

Една од нив е можно прекршување на изборниот закон на државата Њујорк, што го прави кривично дело „промовирање или спречување“ на изборот на политички кандидат со „незаконски средства“.

XS
SM
MD
LG