Интервју со министерот за надворешни работи на Латвија - Едгарс Ринкевичс
Глас на Америка: Во посета на Рига веднаш по почетокот на руската инвазија во Украина, секретарот Блинкен ги нарече балтичките држави „демократски ѕид што стои против бранот на автократија што Русија ја турка во Европа“. По 13 месеци од оваа војна во Украина, како стојат работите во моментов за Балтикот и за европската безбедност?
Едгарс Ринкевичс: Па, мислам дека светот станува се покомплициран. Не е исто како по завршувањето на Студената војна. За жал, гледаме дека има сериозно влошување на демократските стандарди. Така, светот може да види дека Русија всушност стана вистински агресор-ревизионист. И од таа гледна точка, мислам дека има три големи предизвици со кои треба да се справиме. Еден од нив е непосреден предизвик за војната во Европа, како да се запре Русија. Да и се помогнете на Украина да ја ослободи својата територија, а сето тоа е во интерес и за Европа, Соединетите Држави, а исто така и за светот. Да се разбереме, многу други земји кои гледаат што се случува доколку не успееме, или доколку Украина не успее, тогаш тоа е поттик за другите „лоши момци“ да ги направат истите работи низ целиот свет.
Второ, верувам дека е исто така многу важно да продолжиме да ги спроведуваме сите тие одлуки што ги донесовме во Мадрид. Источното крило има потреба од повеќе војници, ни треба повеќе оружје. И не само тоа, се поставува прашањето и како се борите против дезинформациите и пропагандата, како се борите со сите оние за жал негативни ефекти од социјалните медиуми каде што понекогаш се непроверени информации, нема избалансираност како во традиционалните медиуми. Значи, важно е како да се зајакне отпорноста на нашите општества и тоа подеднакво важи и за балтичките држави, САД или било која друга земја во демократскиот свет.
Глас на Америка: Рускиот претседател рече, дека Москва планира да стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, тврдејќи дека овој потег нема да ги прекрши договорите за неширење на нуклеарното оружје. Што мислите дека значи оваа изјава во овој момент од војната? Каков треба да биде консолидираниот одговор на Западот и дали гледате некои конкретни чекори кои латвиската влада би можела да ги преземе во однос на Белорусија?
Едгарс Ринкевичс: Па, искрено, кога станува збор од повисока безбедносна гледна точка, ова нема да промени ништо. Русите имаа нуклеарно оружје во Калининград во близина на нашите граници уште пред целосната инвазија во Украина, така што од таа гледна точка, не верувам дека тоа суштински ја менува воената безбедност. Верувам дека од една страна, ова е чин на очај, бидејќи велите дека војната во Украина не оди добро за г-дин Путин. Тоа не се три дена, ниту три недели, ниту три месеци кога руските трупи успеаја да заземат кој било значаен град во Украина. Така, од таа гледна точка, јас навистина верувам дека ова е продолжение на нуклеарната уцена што ја видовме во последната година. Според мене, ваквата најава јасно покажува дека Белорусија не е суверена земја.
Таа е всушност дел од рускиот воен округ и ние треба да воведеме повеќе санкции и за Русија и за Белорусија, едноставно за да се истакне дека таквите уцени и таквите потези нема да функционираат.
Гласот на Америка: Има многу двоумење за оружјето од Западот што може да се искористи за да се нападне внатре во руската суверена територија или на руското копно. Многумина сметаат дека е легално и фер да и се дадат на Украина ракети со долг дострел или борбени авиони. Што мислите за тоа?
Едгарс Ринкевичс: Па, да не заборавиме дека Русија ја нападна територијата на Украина. Ракетите, гранатирањето на украинските градови и села со секаков вид муниција е нешто што тие го прават всушност од 1940 година. Но, минатата година беше особено брутална.
Затоа, немам причина да тврдам дека Украина го нема ова право и да одговори на соодветен начин за да ја запре агресијата доколку гледате дека ракети се користат од руска територија или бомбардери полетуваат од Русија. Мислам дека тоа е легитимна цел за украинската војска и не треба да се плашиме дека Украина користи оружје за да се брани.
Глас на Америка: Многу експерти стравуваат дека со продолжената војна, раководството на Украина може да биде турнато во ќор-сокак, кога западните лидери би можеле да ги принудат кон преговори. Дали го гледате овој ризик и што мислите дека и е потребно на Украина за силни преговарачки позиции доколку дојде до тоа?
Едгарс Ринкевичс: Мислам дека Украина треба да одлучи кога ќе преговара. Од таа гледна точка, сè уште верувам дека обезбедувањето оружје на Украина е најважно. Задачата за работа со Украина за прашања како кандидатскиот статус за пристапните преговори со ЕУ, помагањето во реформскиот процес е нешто што можеме да го постигнеме. Но, да се принуди Украина да преговора пред да се ослободи територијата на Украина, мислам дека тоа би било многу кратковидно. Не можете да притискате да се преговара само со една страна, за тоа се потребни согласности од двете земји. Гледајќи ја другата страна, можеби и ќе постави неколку ултиматуми кои не се реални.
Глас на Америка: Латвија има значително малцинство што зборува руски. Многу граѓански здруженија тврдат дека и руската пропаганда расте. Летонија направи неколку чекори со кои рускиот јазик ќе исчезне од државните училишта од следната година, мрежите на руската државна телевизија се блокирани. Како латвиската влада гледа на овој проблем - зошто се потребни тие чекори за вашата национална безбедност и кои се другите предизвици во однос на етничките руски граѓани во вашата земја?
Едгарс Ринкевичс: Па, мислам дека еден предизвик е дека сè уште има многу Руси во Латвија или низ целиот свет, и тие беа под многу големо влијание на руската пропаганда. Не можете да го избришете тоа со денови или недели или пак месеци. Првиот чекор што го направивме беше да ги забраниме сите руски пропагандни канали веднаш по почетокот на војната. Вториот, се обидовме да најдеме начини да обезбедиме алтернативни информации за нашите луѓе кои зборуваат руски и веруваат дека сè уште се сомневаат кој е во право, кој не е во право? Ако ги погледнете анкетите, тие сепак покажуваат дека мнозинството Руси кои живеат во Латвија се збунети или не сакаат да ги откријат своите вистински чувства. Така, ова го гледам како долгорочна работа.
Нема да смениме некои ставови за неколку недели или месеци. Но, не е лесна ситуација, тоа бара многу работа.
Интервјуто е направено од Ека Магалдадзе од Грузискиот сервис на Гласот на Америка.