СКОПЈЕ – Цените на домашните јајца и домашниот ориз се замрзнуваат на нивото на кое биле на 15 март. Ова е одлуката која што ја донесе Владата на денешната седница и која ќе биде на сила до 30 април. Истовремено се ограничува и извозот на овие два продукти за да се спречи евентуален недостаток на домашниот пазар.
„Највисоки цени на домашните јајца и призот ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година со важност до 30 април 2023 година. Трговците кои се регистрирани да вршат трговска дејност имаат обврска редовно да прибавуваат и да продаваат свежи јајца од кокошка во количини што редовно се прибавувале во јануари и февруари оваа година“, појасни премиерот Ковачевски.
Одлуката на Владата, според Ковачевски е донесена врз основ на претходни анализи а со цел да се заштитат граѓаните и домашниот пазар и да се спречи значителен пораст на цените на овие продукти во пресрет на врските празници.
Побарувачката на јајца од македонски производители е зголемена поради цените кои се во соседните земји па затоа извозот ќе биде ограничен и производителите имаат обврска за домашниот пазар да доставуваат најмалку 70 отсто од своето производство.
„Просечната цена на јајцата е околу 8,5 денари и најскапото може да оди до 9,8 денари од јајце. Зависи од пакувањето и амбалажата, во зависност од компаниите во делот на трошоците што ги имаат. Зголемена е побарувачката за производство на јајца од нашата држава. Кај нашите соседи цените се движат и до 20 центи. Ако се дозволи целосен извоз, повеќето ќе го пренасочат производството само за соседните држави. Затоа ја донесовме одлуката за ограничувањето на извозот и 70 отсто од целото производство или пласман што го имале во јануари и февруари да боиде за домашниот пазар. Така нема недостиг на овој производ за сите граѓани, ниту зголемување на цената како притисок однадвор“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.
Стопанските комори соопштија дека не се согласуваат со владините одлуки за замрзнување на цените бидејќи според нив тоа е директно мешање во пазараната економија Сметаат дека треба да се активираат стоковите резреви и да се намалат даноците и на тој начин да се постигнат цените кои во моментов се замрзнати.
„Нормално дека сме да се помага на последниот потршоувач. Но не со замрзнување на цени туку со намалување на даноци и со повлекување на ДДВ – то или пак други интервенции. Стоиме на ставот дека мора да го чуваме слободниот пазар бидејќи тој пазар дава реална цена и квалитет на стоката и производството“, Менди Ќура, претседател на Стопанска Комора на Северзоападна Македонија
Владата а не бизнис секторот треба да се грижат за социјалниот статус на граѓаните, па затоа е нејасно зошто целиот терет паќа на грбот на прехранбената индустрија.
„Ако сум јас пекар дали е мое да се грижам за социјалниот статус на граѓаните или јас функционирам во пазарна еконојија. Тоа е клучното прашање. Ако е, зошто тоа само да биде за тие што се во прехранбената индустрија. Зошто да не биде и за други индустрии. Ако сме координирана пазарана економија ние би седнале и би се договориле и организирале во општеството како ние како мала економија ова ќе го пребродиме и товарот по малку да падне на сите“, изјави Зоран Јовановски од Стопанска Комора на Северна Македонија
Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари а одлуката ја образоли со фактот дека пекарите не го испочитуваат договорот и покрај субвенциите за струја не ги намалија цените. Потоа следеше одлука за укинување на субвенционираната струја за перхранбената индустрија по цена од 80 евра за мегават час и замрзнување на цените на тестенините и дел од млечните прозиводи кои се намали за од односно 15 отсто.
Според експертите и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) овие мерки се задоценти и требало да се спроведат уште минатата година па поради тоа а сега нема да има некаков значаен ефект а тука е ризикот и од повторен неконтролиран раст на цените на производите откако мерките ќе истечат.