Линкови за пристапност

Борел во Скопје ќе ја нагласи потребата од носење уставни измени


Борел за односите меѓу Приштина и Белград: „Една работа е договор, а друга како и кога да се имплементира зашто во минатото имаше договори кои никогаш не се спроведоа. Тоа не смее да се повтори“
Борел за односите меѓу Приштина и Белград: „Една работа е договор, а друга како и кога да се имплементира зашто во минатото имаше договори кои никогаш не се спроведоа. Тоа не смее да се повтори“

Се очекува дека Жозеп Борел, на средбите денеска и утре во Скопје, ќе испорача неколку пораки до сите политички играчи во земјата.

Според најавите, Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика кој во земјава, меѓу другото, доаѓа и за да ја предводи европската делегација на 16-от Совет за стабилизација и асоцијација меѓу Унијата и Северна Македонија, на состаноците ќе се фокусира на неколку области – продолжување на реформската агенда, владеењето на правото и борбата против корупцијата, но и на потребата од носење уставни измени.

Токму ова прашање е едно од главните за кое владата, предводена од СДСМ, и опозицијата, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, никако да најдат заеднички јазик.

Борел во Охрид во обид да ги приближи Вучиќ и Курти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Мнозинството, кое ги нема потребните бројки во Собранието, е за уставни измени. Опозицијата, пак, притиска за предвремени парламентарни избори, чиј редовен термин е догодина.

„Имам јас еден внук Никола и цело време му викам - ‘А бе Никола, земи работи, книгата, учи, работи за да напредуваш’, а тој ми вика: ‘Купи ми ‘плејстешјн’. И што и да му кажеш, тој цело време вика: ‘плејстејшн, па, плејстејшн’. И ова ме потсетува на претседателот на опозицијата, т.е. на мојот внук Никола, кој, наместо да се фати со работа, само бара да му се купи ‘плејстејшн’.“, изјави Димитар Ковечевски, премиер на Северна Македонија.

Во ваква поларизирана политичка атмосфера, Борел, придружуван и од еврокомесарот за проширување, доаѓа во Скопје, откако претходно беше и во Тирана. Но, високиот европски претставник, на неговата мини-балканска турнеја освен состојбите во Албанија и Македонија има уште една сериозна задача – менаџирање на дијалогот Белград-Приштина, кој в сабота продолжува токму во Охрид. Тоа ќе биде прв состанок меѓу српскиот претседател и косовскиот премиер по февруарската средба во Брисел на која беше презентиран европскиот предлог за нормализирање на односите.

„Двајцата се согласија дека не се потребни дополнителни разговори за предлогот на ЕУ. Тоа значи дека текстот на договорот го сметаме за затворен. Секако, овој договор носи голема надеж за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград. Но, една работа е договор, а друга како и кога да се имплементира зашто во минатото имаше договори кои никогаш не се спроведоа. Тоа не смее да се повтори. Сега работиме на имплементација на овој договор, а тоа е анекс кој е составен дел од договорот кој ќе обезбеди дека двете страни разбираат кој е временскиот период и модалитетите – кога и како да се имплементира договорот. Се надевам дека в сабота двете страни ќе дојдат со конструктивен пристап, со волја да се договорат за начините на имплементација.“, изјави Жосеп Борел, виш претставник на ЕУ за надворешна и безбедноста политика.

Ако двете страни се усогласат за начините на имплементација на договорот, тогаш тоа, според Борел, ќе претставува огромен чекор напред за Западен Балкан кон негова целосна стабилизација и интеграција во Унијата.

XS
SM
MD
LG