Линкови за пристапност

Инфлацијата во САД намалена во февруари


Со намалувањето на инфлацијата, аналитичарите предвидуваат дека Федералните резерви може да ја зголемат каматната стапка
Со намалувањето на инфлацијата, аналитичарите предвидуваат дека Федералните резерви може да ја зголемат каматната стапка

Зголемувањето на потрошувачките цени во САД повторно се намали во февруари, објави Одделот за труд, намалувајќи се на 6 проценти во текот на минатата година, што е најспор годишен скок од септември 2021 година.

Поволните податоци, сепак, го оставаат отворено прашањето што би можеле да направат креаторите на политиката во Федералните резерви (ФЕД) за референтната каматна стапка на Централната банка кога ќе се состанат следната недела и кога треба да ја разгледаат инфлацијата, како и колапсот на три банки во последните денови.

Со намалувањето на инфлацијата, аналитичарите предвидуваат дека ФЕД може да ја зголемат каматната стапка, која влијае врз американската економија со повисоки трошоци за задолжување, и за бизнисите и за потрошувачите.

Но, повисоките каматни стапки што Централната банка ги наметна во текот на минатата година одиграа негативна улога во опаѓањето на богатството на банките, што може да влијае на донесувањето одлуки на ФЕД.

Претседателот на САД Џо Бајден вчера се обиде да ги увери Американците дека банкарскиот систем на САД е безбеден и дека даночните обврзници нема да ги спасуваат инвеститорите.

„Американците можат да имаат доверба дека банкарскиот систем е безбеден. Вашите депозити се безбедни“, рече Бајден во петминутната изјава во Белата куќа.

Тој рече дека депозитите на клиентите ќе бидат покриени со средства што банките рутински ги уплаќаат на сметката на американската влада за такви итни случаи.

Бајден вети дека ќе „мораме да добиеме целосна пресметка за она што се случи“ во двете банки.

И покрај гаранциите, американските банки изгубија околу 90 милијарди долари од вредноста на берзата вчера, бидејќи инвеститорите стравуваа од дополнителни пропаѓања на банки.

Дел од информациите се преземени од АП, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG