Линкови за пристапност

САД: Стапката на невработеност се намали на 3,5%


Во извештајот се вели дека стапката на невработеност останала во тесен опсег од 3,5 до 3,7 проценти од март.
Во извештајот се вели дека стапката на невработеност останала во тесен опсег од 3,5 до 3,7 проценти од март.

Бирото за статистика на пазарот на трудот додаде 223.000 работни места во декември, додека стапката на невработеност во САД падна на 3,5 отсто.

Во својот месечен извештај, Бирото рече дека забележителни добивки на нови работни места има во услужните дејностите и угостителството, здравствената заштита, градежништвото и секторите за социјална помош.

Во извештајот се вели дека стапката на невработеност останала во тесен опсег од 3,5 до 3,7 проценти од март.

Извештајот покажува скромни покачувања на платите во текот на декември, и има зголемување за само 0,3 отсто. Во текот на изминатите 12 месеци, платите се зголемија во просек за 4,6 отсто.

Забавувањето на растот на платите е добра вест, а Федералните резерви го користат како барометар за инфлација и ги зголемуваат каматните стапки за да го забават растот на работните места и на платите.

Забавувањето на економијата може да значи помалку и помали зголемувања на каматните стапки во наредните месеци. Берзите позитивно реагираа на веста.

Акциите на Дау Џонс се зголемија за повеќе од 100 поени по објавувањето на извештајот. Бирото, исто така, објави дека вкупните вработувања за октомври биле ревидирани за 21.000, од 284.000 на 263.000 нови работни места, а промената за ноември била ревидирана за 7.000, од 263.000 на 256.000 нови работни места.

Со тие ревизии, комбинираните добивки од вработеноста во октомври и ноември беа за 28.000 помали од претходно пријавените.

Некои информации за овој извештај се од Асошиејтед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG