Линкови за пристапност

Џинпинг обезбеди трет мандат за претседател на Кина


На телевизиската церемонија на заклетва, кинескиот лидер вети дека ќе „изгради просперитетна, силна, демократска, цивилизирана, хармонична и голема модерна социјалистичка земја“.
На телевизиската церемонија на заклетва, кинескиот лидер вети дека ќе „изгради просперитетна, силна, демократска, цивилизирана, хармонична и голема модерна социјалистичка земја“.

Си Џинпинг обезбеди трет мандат како претседател на Кина во уверливо гласање.

Речиси 3.000 членови на кинескиот парламент во петокот едногласно гласаа Си да продолжи да биде лидер на втората по големина економија во светот.

Тој не се соочи со предизвикувачи.

Неговиот нов мандат како претседател е во време кога кинескиот лидер се соочува со критики од некои земји, вклучително и САД, за Тајван, поддршката на Пекинг на Русија и трговијата и човековите права.

Кина неодамна излезе од нултата политика на Си за Ковид-19.

Не е јасно колку луѓе починаа по ублажувањето на ограничувањата.

Еден од резултатите на таа политика беше економијата која минатата година забележа раст од само 3%.

На телевизиската церемонија на заклетва, кинескиот лидер вети дека ќе „изгради просперитетна, силна, демократска, цивилизирана, хармонична и голема модерна социјалистичка земја“.

Рускиот лидер Владимир Путин беше меѓу првите што му честиташе.

XS
SM
MD
LG