Линкови за пристапност

САД, Австралија, Индија и Јапонија загрижени заради милитаризацијата на Кина


Во пораката насочена директно кон Кина, министрите за надворешни работи на групата Квад во петокот изразија загриженост за милитаризацијата на спорните територии во Јужното и Источното Кинеско Море.

Врвните дипломати на Соединетите држави, Австралија, Индија и Јапонија се состанаа во Њу Делхи, додека Пекинг се обидува да ги протне барањата за спорните поморски области, предизвикувајќи загриженост за неговата растечка самоувереност во индо-пацифичкиот регион.

Без именување на Кина, во заедничката изјава објавена по состанокот на Квад се вели: „Изразуваме сериозна загриженост за милитаризацијата на спорните карактеристики, употребата на бродовите на крајбрежната стража и поморската полиција и напорите да се попречат активностите за експлоатација на ресурси на офшор на другите земји“.

Нагласувајќи ја важноста од почитувањето на меѓународното право за да се одговори на „предизвиците за поморскиот поредок заснован на правила“, министрите рекоа дека „ние силно се спротивставуваме на какви било унилатерални дејствија што се обидуваат да го променат статус квото или да ги зголемат тензиите во областа“.

Кина тврди дека има суверенитет над речиси целото Јужно Кинеско Море и има спорови со различни земји во регионот, како што се Филипините, Брунеи, Малезија и Виетнам. Таа, исто така, воспостави воени бази на островите што ги изгради во спорните води.

Квад се нарекува себеси стратешки форум, но Пекинг гледа на групацијата како напор на Вашингтон да го опколи со стратешки и воени сојузници.

Состанокот на Квад се одржа во индиската престолнина еден ден откако министрите за надворешни работи на земјите од Групата 20 не успеаја да дадат заедничка изјава за осуда на руската војна во Украина по приговорите на Кина и Русија.

XS
SM
MD
LG