Жители на САД околу планините во Јужна Калифорнија почнуваат со чистење од историската снежна бура што остави домови опкружени со дури 3 метри снег.
Во средата, десетици волонтери со непрофитниот тим Рубикон со седиште во Лос Анџелес се појавија низ планинските заедници за да ги расчистат закопаните имоти.
„Тоа е чувство на олеснување. Можете да замислите по 11-тиот ден да гледате во сиот овој снег и да се прашате - „што е следно?“, раскажуваат погодени жители.
Метеоролошкиот настан кој се случува еднаш во генерација остави неверојатни количини снег во планинските венци Сан Бернардино и Сан Габриел, каде што илјадници луѓе живеат во шумски енклави.
Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во 13 од 58 општини во Калифорнија, почнувајќи од 1 март, вклучително и во округот Сан Бернардино.