Линкови за пристапност

Бајден ќе го претстави новиот буџет за фискалната 2024 година


Дел од предлогот на Бајден е да се зголемат даноците за богатите за да се помогне во финансирањето на неговата агенда.
Дел од предлогот на Бајден е да се зголемат даноците за богатите за да се помогне во финансирањето на неговата агенда.

Американскиот претседател Џо Бајден треба да го претстави својот предлог буџет за фискалната 2024-та за време на посетата во сојузната држава Пенсилванија.

„Претседателот ќе даде свој печат за неговите планови да инвестира во Америка, да продолжи да ги намалува трошоците за семејствата, да ги заштити и зајакне социјалното осигурување и Медикер, да го намали дефицитот“, соопшти Белата куќа, пред настанот во Филаделфија.

Дел од предлогот на Бајден е да се зголемат даноците за богатите за да се помогне во финансирањето на неговата агенда.

Белата куќа веќе објави дека дел од предлог-буџетот вклучува зголемување на даноците на Медикер за приходи над 400.000 долари годишно, и дозволување на Медикер да преговара за подобри цени за лековите на рецепт за да ја зајакне федералната програма за здравствено осигурување за постари Американци и одредени лица со попреченост.

Републиканците во Конгресот изразија противење на планот на претседателот, при што лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, предвиде дека нема шанси тој да биде одобрен во Претставничкиот дом, под контрола на републиканците.

Некои информации за овој извештај се од Асошиејтед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG