Линкови за пристапност

Слиповиц од Фридом Хаус: Во Северна Македонија, новинарите продолжуваат да се соочуваат со притисок и заплашување


Забележуваме дека транспарентноста во владините канцеларии е зголемена во последните години во Северна Македонија, вели Слиповиц.
Забележуваме дека транспарентноста во владините канцеларии е зголемена во последните години во Северна Македонија, вели Слиповиц.

Во ексклузивно интервју за српската редакција, Ејми Слиповиц од Фридом Хаус, се осврна на состојбата во Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, и Албанија и го коментира извештајот во делот за регионот.

Глас на Америка: Каква е ситуацијата во Северна Македонија?

Ејми Слиповиц: Во Северна Македонија, всушност, има подобрување на состојбата за 11 поени. Ова е прилично, значајно, оваа година. Забележуваме дека транспарентноста во владините канцеларии е зголемена во последните години. Сепак, ќе забележам, дека остануваат други предизвици. Ова вклучува борба со корупцијата и клиентелизмот, а новинарите и активистите продолжуваат да се соочуваат со притисок и заплашување. Северна Македонија направи навистина значајни чекори во напредокот на своите политички права и граѓански слободи во текот на годините.

Глас на Америка: Косово е една од земјите, што има најголем напредок. Како, Косово го постигна ова?

Ејми Слиповиц: Косово доживеа едно од најголемите подобрувања ширум светот за дваесет години, како што споменавте доби четири поени, на нашата скала од 100 бодови. Тоа е прилично значајно за само една година. Еве некои од причините зошто има подобрувања. Станаа помалку политички влијанијата под актуелната влада, а исто така има и зголемување на застапеноста на различни групи како што се етнички Срби, жените и ЛГБТ заедниците. Има помало политичко влијание при назначувањето на раководството на Универзитетот во земјата.

Глас на Америка: Меѓу земјите кои имаат најголем пад во последните 10 години е Босна и Херцеговина. Што ја држи Босна и Херцеговина, во пад толку долго време?

Ејми Слиповиц: Да. Босна има делумно слободен статус и со понизок рејтинг од пред една деценија. Така, гледаме дека локалните власти продолжуваат да ја занемаруваат заштитата на човековите права. И ова резултираше со постојана дискриминација на малцинствата, како и бавен напредок во гонењето на воените злосторства. Потоа, минатогодишните општи избори вклучија извештаи за значителни нерегуларности во некои делови од земјата. Значајно е што високиот претставник на меѓународната заедница, ги користи своите извршни овластувања за да го измени изборниот закон на федеративниот ентитет.

Глас на Америка: Албанија е означена како делумно слободна во извештајот на Фридом хаос?

Ејми Слиповиц: За Албанија немавме никакви промени во својот рејтинг минатата година, и продолжуваме да ја означуваме Албанија како делумно слободна. Значи, од позитивната страна, верската слобода и слободата на мирни протести и собирања се генерално почитувани области, каде работите може да се подобрат. Поларизираниот политички амбиент, корупцијата и организираниот криминал сè уште остануваат сериозни предизвици во земјата.

XS
SM
MD
LG