Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на неговиот јужнокорејски колега Јун Сук-јеол за време на официјална државна посета на 26 април.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, изјави дека посетата на јужнокорејскиот претседател ќе ја прослави 70-годишнината од безбедносната алијанса меѓу САД и Јужна Кореја.
Алијансата беше формирана по завршувањето на тригодишната Корејска војна со примирје во 1953 година, што доведе до поделба на Корејскиот полуостров помеѓу северниот и демократскиот југ.
Посетата е дел од напорите на претседателот Бајден да изгради и одржува односи со регионалните партнери како средство за противтежа на растечкото воено и економско присуство на Кина, како и континуираната нуклеарна и балистичка ракетна програма на Северна Кореја и покрај бројните санкции на Обединетите нации.
Посетата на Јун ќе биде прва официјална државна посета на јужнокорејски лидер од 2011 година, кога тогашниот претседател Барак Обама беше домаќин на Ли Мјунг-бак.
Таа, исто така, ќе биде втора државна посета за Бајден, откако беше домаќин на францускиот претседател Емануел Макрон минатиот декември.
Дел од информациите во текстот се од АП и Ројтерс