Линкови за пристапност

САД, Јужна Кореја и Јапонија ќе се фокусираат на нуклеарните тестирања од Северна Кореја


Северна Кореја оваа година лансираше рекордно висок број ракети, вклучително и балистичка ракета што прелета над Јапонија на почетокот на овој месец.
Северна Кореја оваа година лансираше рекордно висок број ракети, вклучително и балистичка ракета што прелета над Јапонија на почетокот на овој месец.

САД, Јужна Кореја и Јапонија ветија дека ќе ја зајакнат соработката и ќе ги зголемат мерките за одвраќање пред очекуваниот нуклеарен тест од Северна Кореја.

Обврската дојде за време на состанокот во средата во Токио меѓу високи лидери од Соединетите Држави, Јужна Кореја и Јапонија. „Се согласивме дека ќе биде неопходен неспоредлив размер на одговор доколку Северна Кореја продолжи со седмиот нуклеарен тест“, рече јужнокорејскиот заменик - министер за надворешни работи Чо Хјун-донг.

Северна Кореја оваа година лансираше рекордно висок број ракети, вклучително и балистичка ракета што прелета над Јапонија на почетокот на овој месец.

Во вторникот, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол рече дека Пјонгјанг ги завршил подготовките за нуклеарна проба, која би била седма од 2006-та.

Тестовите за оружје на Северот ги зближија Јужна Кореја и Јапонија, и покрај постојаните тензии поврзани со бруталната окупација на Кореја од Јапонија пред Втората светска војна.

„Со оглед на можноста за понатамошни провокации, вклучително и нуклеарни тестови, се согласивме дека ќе ја зајакнеме нашата регионална способност за одвраќање и тесно соработуваме од перспективите на дипломатските напори“, рече Такео Мори, заменик-министер за надворешни работи на Јапонија.

Американскиот заменик - државен секретар Венди Шерман ја повика Северна Кореја „да се воздржи од понатамошни провокации“ и рече дека САД остануваат посветени на дијалог без предуслови.

XS
SM
MD
LG