Линкови за пристапност

Македонски хуманитарци во Турција, подготвуваат по 3.000 оброци со храна


Македонски хуманитарци во Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:42 0:00

Тим од волонтери од невладината организација Легис од Скопје, се наоѓа во најпогодениот од разорниот земјотрес во Турција, градот Антакија. Јасмин Реџепи од Легис за Глас на Америка вели дека заминале со цел да им помогнат на луѓето од овие краишта, кои остане без своите домови нив и без своите најблиски.

„Откако помошта на Легис и од други организации стигна од Македонија, ние од Легис решивме да појдеме на терен и да видиме што можеме да направиме со дел од донациите од нашите граѓани, да им се помогне на луѓето од погодените подрачја. Тоа што можеме да го видиме од разорниот автопат од сите оние објекти кои ги гледавме по пат, како се движевме се поблиску до населбите, така и девастациите беа поголеми, речиси да нема ниту објект, кој што е употреблив, нема ниту еден објект каде луѓето можат да бидат згрижени и сигурни. Повеќето населени местата изгледаа празни, бидејќи сите тие области, населби се толку уништени, што се опасни и да се поминуваат низ нив. Луѓето се раселени во други места, секаде каде има паркинг, слободно места, направени се шатори за згрижување“, вели Реџепи.

Реџепи вели дека во моментот хигиената е еден од најголемите проблеми за регионот. Од Легис, апелираат за солидарност и поддршка на нивниот проект за обезбедување контејнери за достоинствено и безбедно сместување на преживеаните семејства.

„Хигиената во моментот е голем проблем, бидејќи нема вода, струја, канализација и навистина е тоа тешко да се направи. Луѓето се радуваат за секое едно ќебе, се радуваат за долна облека да им се даде, бидејќи во такви услови речиси ништо од скоро да и го нема. Ние од Легис се потрудивме да се зготват околу 3.000 оброци дневно. Има десеттина кујни во регионот и три мобилни кујни, само преку нашите партнери. Таму се готват помеѓу 10.000-12.000 оброци на ден. Битно е да се напомене дека згрижувањето во шатори нешто што краткотрајно, што е работа на ургентност, а она што следи и што треба да направиме е да обезбедиме можност за што е можно повеќе контејнери, од 20м2, каде има две соби, кујна, тоалет, проточна вода, канализација, струја и има по нормални услови за живот“, вели тој.

Реџепи раскажува дека почнало рушењето на сите објекти, и оти тоа најверојатно ќе се случи со целиот град.

„Тоа што последните денови можеме да го видиме, конкретно во Антакија, во Хатај, почнаа населба по населба да бидат затворени, за да може да се пристапи кон рушење. И, најверијатно тоа ќе се случи со целиот град, бидејќи не остана ниту еден објект, а да не е уништен, или да нема можност да се поправи да функционира. Нема зграда што не е пукната. Мислам дека ако кажам дека 90 отсто од објектите се оштетени, дури и тоа е малку, од тоа што ние го видовме на терен. Евентуално што може да биде поправено е во оние наслеби околу градот, каде по некоја куќа, во некои од селцата има останато, и луѓето се плашат да живеат во нив. Сместени се и тие во шатори додека поминат овие афтер шокови, а афтер шокови ги има секој ден, цело време. Стравот е секако голем, посебно кога ќе се види толкав милионски град, како е девастиран и како апокалиптично изгледа.Тоа што не теши е дека можеме да помогнеме и дека само една од тие фурни која работи овде во логистичкиот центар, произведува 70.000 лебови на ден“.

Дел од оние луѓе, кои имаат родни во други делови на Турција, се заминати кај нив, но голем дел од бегалците од Сирија, нема каде да одат.

„Во овој простор овде има Турци, Курди, Арапи и има Сиријци. Дел од населението кое има роднини низ Турција евакуирано е. Овозможено им е да поминат во тие региони, да бидат сместени во други градови, но за жал голем дел Сиријци кои биле бегалци тука, се оставени сами на себе, односно нема каде да отидат и затоа сите овие инстутиции и организации мора да се погрижат за нив. Има и луѓе кои работеа со нас, а кои им загинале многу членови од семејствата. Сепак тие наоѓаат утеха да поомгнат и да волонтираат“.

Само од Легис, секој ден подготвуваат по 3.000 оброци, за исто толку луѓе.

XS
SM
MD
LG