Во ексклузивно интервју за Гласот на Америка на руски јазик републиканскиот сенатор Кевин Крамер од Северна Дакота се осврнува за безбедносната архитектура во повоениот свет, реконструкцијата на Украина, можноста Украина да добие програми за обука за пилоти за борбени авиони од западно производство, но и за шансите на Киев да добие ракети со долг дострел од Западот.
Запрашан за веста дека Велика Британија соопшти дека започнува со обука на украински пилоти и дали САД би можеле да направат нешто слично? Крамер вели дека Обединетото Кралство, има лидерска улога, но тие не се толку голема земја како САД.
„Мислам дека една од работите што многу ги слушам е дека луѓето сакаат да знаат, дали другите европски сојузници го прават својот дел во поддршката на Украина. Лидерството кое доаѓа од Обединетото Кралство, мислам дека дава одредено олеснување за нашите лидери и ни олеснува. И не сметам дека ни малку е понижувачки за САД да има уште еден навистина добар пријател во Европа, кој ќе преземе таква главна улога. Значи, ако се работи за обука на пилоти, ако се обезбедуваат системи за оружје, сите ние имаме корист како слободољубиви сојузници ако некој од нас е уште подобар, сите ние колективно обезбедуваме повеќе“, изјави сенаторот од Северна Дакота.
„Украина ќе покаже дека нејзините војници се повеќе од достојни за да имаат софистицирани системи за оружје. Тие се достојни за имиџот што го покажаа во борбата за сопствената слобода“, рече Крамер.
„Целото прашање за НАТО секако ќе остане на маса и ќе биде збунувачки некое време“, изјави Крамер и праша реторички: „Културно, политички, каде ќе биде Русија по Владимир Путин? Кој е следниот човек зад него, дали ќе биде од истата линија или е друга генерација?“
Мојата надеж би била дека можеме повторно да ја нормализираме Русија, како и односите. За таа цел, треба да се здружат сојузниците што ја опкружуваат Украина во Европа, како и САД.Сенаторот Кевин Крамер
Според него, генерациите во Русија се различни од раководството на Русија. „Мојата надеж би била дека можеме повторно да ја нормализираме Русија, како и односите. За таа цел, треба да се здружат сојузниците што ја опкружуваат Украина во Европа, како и САД“, рече тој.
„Треба да осигураме дека Украина ќе застане на нозе и ќе стане индустриска база, земјоделска база, дека таа ќе стане трговски партнер, дека нејзината економија е апсолутно важен запчаник во економијата на слободниот свет“ рече американскиот сенатор во интервјуто за Гласот на Америка на руски јазик.
Глас на Америка: „Политико“ цитираше неименуван функционер кој рече дека Украина најверојатно нема да добие ракети со долг дострел бидејќи САД немаат доволно залихи. Значи, дали мислите дека е време САД повторно да ја разгледаат својата политика?
Крамер: Руската инвазија на Украина е аларм дека го имаме овој предизвик. На ова треба да гледаме кон моментот кога треба да им помогнеме на нашите пријатели во Украина за наше добро, а потоа треба да се подготвиме и за иднината, која е многу небезбедна“, изјави Крамер.
Според него, ЕУ, НАТО, САД, Канада и од некои азиски земји од Блискиот исток, имаат многу причини Украина да биде успешна.
„Пред неколку недели се сретнав со еден украински бизнисмен кој поседува голем број хектари со скапоцени и ретки минерали, типови на минерали што се во голема побарувачка во светот, но до овој момент во голема мера се произведени од Русија и Кина. Повторно се враќам на синџирот на снабдување со Украина. Отсекогаш верував дека Украина со нејзината стока, имајќи предвид дека дури и земјиштето, е подобро од златото во многу аспекти, бидејќи има сезонски приноси. Постојат сите причини во светот и за богатите нации да учествуваат во грантови за враќање на Украина до степен до кој, таа соодветно, ќе се вклучи во производствените процеси“, рече Крамер за Гласот на Америка.