Линкови за пристапност

Ексклузвно за Глас на Америка од Турција: Градот Адијаман е разрушен


40 лица кои се дел од тимот за спасување при Дирекцијата за заштита и спасување, трет ден се наоѓаат во турскиот град, Адијаман, еден од најпогодените во катастрофалниот земјотрес кој ги зафати Турција и Сирија. Тие се приклучија во операциите за пребарување и спасување. Ивица Наумовски, тим лидер од Дирекцијата за заштита и спасување, ексклузивно за Глас на Америка, од местото на случувањата, вели дека сликата која ја затекнале била повеќе од катастрофална.

„Републичкиот тим за заштита и спасување пристигна во средата навечер во градот Адијаман, на барање на турската влада, преку Амбасадата на Република Турција во Скопје. Веднаш се упативме во градот Адијаман. Патувањето траеше околу 30 часа. Веднаш по пристигнувањето во градот имавме состанок со цивилната заштита на Република Турција, каде ги добивме конкретните насоки, што и каде треба да работиме. Ова ни е четврта локација од како сме пристигнати. Нашите тимови неуморно работат во смени. Постојано имаме екипи на терен кои што работат“, вели Наумовски.

40 лица се дел од тимот за спасување од Македонија во Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:36 0:00

Наумовски вели дека градот е во голем дел разрушен.

„Градот е доста разрушен и со големи проблеми. Гасот, електричната енергија, вода, атмосферска и фекална канализација се во застој во поголем дел од градот. Исто и патувањето до Адијаман е вистински предизвик, бидејќи доста од патот е уништен. Овде менаџирањето на процесите одат во добра насока, меѓутоа со голем предизвик, бидејќи земјотресот го зафати не само градот Адијаман, туку зафати и други тринаесет града, каде што менаџирањето и згрижувањето на населението во градовите е многу тешко, бидејќи и минусните температури придонесуваат за тоа“.

Македонскиот тим за заштита и спасување од урнатини, меѓудругото го сочинуваат пожарникари од Струмица, Тетово и волонтери од Битола, Пробиштип и Крива Паланка.

„Овој тим го сочинуваат, Републичкиот тим за заштита и спасување од урнатини, кој обично се испраќа на меѓународни мисии, во региони кои се зафатени од земјотреси. Населението овде во голем број е афектирано од овој земјотрес. Буквално и да нема зграда, која нема оштетување. Но, работиме онака како што ни се дадени насоките. Во постојан контакт сме со цивилната заштита на Турција. Нашето сместување овде е во шатори. Сместени сме во турскиот петролеум, каде ни овозможија дел, каде може да ги поставиме нашите шатори. Во сменско работење сме, едни одмараат, едни работат на терен, колку што дава фронтот за работа, бидејќи сите згради, каде што во моментот работиме се целосно или делумно разрушени, така да бараме знаци на живот секаде. Надежта дека ќе најдеме преживеан се уште останува кај нас. Работиме неуморно, иако условите за работа не се добри, нормално се случи катастрофален земјотрес“.

XS
SM
MD
LG