Линкови за пристапност

Блинкен повика на деескалација на тензиите меѓу Израелците и Палестинците


Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе разговара со високи палестински претставници за важноста на решението за две држави, како и за политичките реформи
Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе разговара со високи палестински претставници за важноста на решението за две држави, како и за политичките реформи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас како дел од посетата на регионот во која Блинкен ги повика Израелците и Палестинците да ги намалат тензиите во услови на најкрвавото насилство меѓу нив во последните години.

Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе разговара со високи палестински претставници за важноста на решението за две држави, како и за политичките реформи.

Пред неговата посета на Западниот Брег, Блинкен денес се состана со израелскиот министер за одбрана Галант во Ерусалим, велејќи на почетокот на нивните разговори дека посветеноста на САД за безбедноста на Израел „останува железна“.

Блинкен вчера по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека САД остануваат посветени на „Палестинците и Израелците да уживаат еднакви слобода, безбедност, можности, правда и достоинство“.

„Сега ги повикуваме сите страни да преземат итни чекори за враќање на смиреноста, за деескалација“, рече Блинкен.

„Сакаме да се увериме дека постои средина во која можеме, се надевам, во одреден момент да создадеме услови каде што можеме да почнеме да го враќаме чувството на безбедност и за Израелците и за Палестинците, што се разбира многу недостасува“.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП и Ројтерс

XS
SM
MD
LG