Линкови за пристапност

Претседателот Бајден повика на смиреност по бруталноста од полицајци во Мемфис врз Афроамериканец


Американскиот претседател Џо Бајден повика на смиреност, еден ден пред полициските власти во Мемфис, Тенеси, да ја објават снимката од камера од бруталното претепување на Тајр Николс, 29-годишен Афроамериканец од пет полицајци. „Гневот е разбирлив, но насилството никогаш не е прифатливо“, рече Бајден во изјавата.

„Смртта на Тир е болен потсетник дека мораме да направиме повеќе за да се осигуриме дека нашиот кривично-правен систем го исполнува ветувањето за правична и непристрасна правда, еднаков третман и достоинство за сите“, рече тој.

Мемфис и други градови во САД се подготвуваат за можни протести.

Неколку десетици поддржувачи им се придружија на мајката и очувот на Тир Николс синоќа во Мемфис, Тенеси на бдение со свеќи и молитва.

„Не сакаме да ги запалиме нашите градови, да има немири по улиците. Затоа што мојот син не се залагаше за тоа. И ако сте тука за мене и Тир, тогаш мирно ќе протестирате„, рече мајката на Тир.

Николс почина три дена по претепувањето од полицајците.

Џим Стрикленд, градоначалникот на Мемфис, рече: „Транспарентноста и брзата, методична акција беа наши врвни приоритети бидејќи семејството на г-дин Николс и нашите граѓани не заслужуваат ништо помалку. Постапките на овие полицајци беа ужасни и никој, вклучително и органите на редот, не е над законот. Ве уверувам , ќе направиме сè што можеме за да спречиме повторно да се случи овој вид одвратен чин“.

Полицајците, сите Афро-американци, се обвинети за убиство од втор степен, тежок напад, киднапирање, службено недолично однесување и службено угнетување.

Сите полицајци се отпуштени.

Обвинетите полицајци велат дека го запреле Николс поради несовесно возење.

XS
SM
MD
LG