Линкови за пристапност

Османи: Неоснована е одлуката на Софија да го повлече својот амбасадор од Скопје


За последните инциденти и за сите други има одговорни лица, зашто тоа се акти на поединци, и не може цела држава да се обвини за постапки на неколку поединци, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.
За последните инциденти и за сите други има одговорни лица, зашто тоа се акти на поединци, и не може цела држава да се обвини за постапки на неколку поединци, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

„Неоснован, непоткрепен и непринципиелен“, така македонската дипломатија ја оценува одлуката на Софија да го повлече својот амбасадор од Скопје и најавите за замрзнување на меѓувладините проекти кои се во тек.

Реакција на Скопје по повлекувањето на бугарскиот амбасадор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:56 0:00

Проценките на МНР се дека последните потези на Бугарија, кои следат по инцидентот во Охрид и предлогот на Советот за безбедност да им се забрани на неколку бугарски државјани влез во земјава, се знак дека надлежните во Софија потклекнуваат на провокациите на одредени структури.

Министерството за надворешни работи изразува жалење за ваквиот чекор кој смета дека е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален.
Османи, шеф на дипломатијата

„Министерството за надворешни работи со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатира дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи; напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји. Иако повикувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и редовна дипломатска пракса, Министерството за надворешни работи изразува жалење за ваквиот чекор кој смета дека е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Од истата говорница во собранието и премиерот одговараше на прашања поврзани со тензиите во македонско-бугарските односи. Вжештувањето на релациите Скопје-Софија, Ковачевски го гледа кај поединци и групи.

Во Северна Македонија не постои антибугарска омраза и хистерија, како што некој сака да презентира.
Ковачевски, премиер

„Во Северна Македонија не постои антибугарска омраза и хистерија, како што некој сака да презентира. За последните инциденти и за сите други има одговорни лица, зашто тоа се акти на поединци, и не може цела држава да се обвини за постапки на неколку поединци, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Уверува дека надлежните служби ќе направат се што можат за 4 февруари – денот на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев, кој е оценет како високоризичен настан, да помине во мирна атмосфера. Ковачевски пак директно не одговори дали бугарскиот националист, член на ЕП, Ангел Џамбаски и уште неколкумина радикали ќе бидат спречени да влезат во земјава и да присуствуваат на чествувањето на 4 февруари.

„Согласно извештаите и анализите кои ги имаат безбедносните служби и кои ги има МВР, на денот на одбележувањето и во деновите пред тоа, МВР ќе постапи согласно информациите и податоците кои ги има од свои извори и нормално од службите и согласно со заклучокот на Владата, МВР да биде задолжено да обезбеди мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Во ситуацијата се вклучи и Европската Унија, која преку својот амбасадор во Скопје, ги осуди вчерашните закани на Џамбаски кон претседателот Пендаровски по барањето да му се забрани влез во Македонија.

Според амбасадорот Гир, тоа во никој случај не ја претставува позицијата на Унијата и вредностите на кои таа е создадена и е целосно неприфатливо такви забелешки да се упатуваат кон кој било, а најмалку кон демократски избран шеф на држава.

XS
SM
MD
LG