Линкови за пристапност

Соработуваме со Одделот за правда за класифицираните документи најдени во домот на Бајден, рече Белата куќа


Портпаролката Карин Жан-Пјер нагласи дека Белата куќа нема да дава премногу детали додека истрагата е во тек
Портпаролката Карин Жан-Пјер нагласи дека Белата куќа нема да дава премногу детали додека истрагата е во тек

Белата куќа се соочи со нова низа критики во врска со најавата за викендов дека адвокатите пронашле трета транша од доверливи документи во приватниот дом на претседателот.

Претставниците на администрацијата нагласија дека соработуваат со инспекторите и се транспарентни со јавноста, правјеќи споредба помеѓу нивното однесување и она на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Сепак, Белата куќа одби да понуди какви било детали освен неколкуте што администрацијата веќе ги објави за непознатиот број документи пронајдени во приватни канцеларии и домови што ги користел претседателот Џо Бајден.

Портпаролката Карин Жан-Пјер нагласи дека Белата куќа нема да дава премногу детали додека истрагата е во тек. Минатата недела, државниот обвинител Мерик Гарланд назначи специјален советник да го истражи потенцијалното неправилно постапување со доверливи документи од страна на Бајден.

„Иако можеби сме ограничени да можеме да обезбедиме еден куп факти додека оваа истрага е во тек, ние сме многу искрени дека соработуваме со Одделот за правда“, рече Самс, специјален помошник на претседателот.

„И тоа е толку остар контраст. Мислам, ги слушате овие републиканци од Претставничкиот дом. Тие глумат бес за обелоденувањето и транспарентноста“.

Во саботата, адвокатот на Белата куќа Ричард Заубер во соопштение рече дека официјалните лица пронашле доверливи документи од шест страници во приватната библиотека на Бајден во неговиот дом во Вилмингтон, Делавер. Тој рече дека тие документи веднаш биле предадени на Одделот за правда.

Бајден, откако беше објавено првото откритие минатата недела, рече дека е „изненаден кога дознал дека има било какви владини записи што биле однесени таму во таа канцеларија“.

„Но, не знам што има во документите“, додаде тој.

Претходно,Одделот за правда извади околу 300 документи на различни нивоа на класификација од домот на Трамп во Флорида.

XS
SM
MD
LG