Линкови за пристапност

Нова динамика против корупцијата – една од очекуваните пораки на Шоле од Стејт Департментот во Скопје


Ова прашање ќе биде приоритетно на неговата листа за време на кусата посета на земјава предвидена за в среда.
Ова прашање ќе биде приоритетно на неговата листа за време на кусата посета на земјава предвидена за в среда.

Динамизирање на борбата против корупција – тоа ќе биде една од клучните пораки на советникот на Стејт Департментот, Дерек Шоле, на средбите со државно-владиниот врв во Скопје.

Ова прашање ќе биде приоритетно на неговата листа за време на кусата посета на земјава предвидена за в среда.

Предизвикот со корупцијата - едно од прашањата на Шоле
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Тоа денеска го потврди и американската амбасадорка, Анџела Агелер.

„Тој е многу посветен на обезбедувањето стабилност и сигурност на Западен Балкан и со нетрпение го очекува ова патување. Тој и претходно се сретна со премиерот и министерот за надворешни работи... За време на кусата посета тој ќе ги реафирмира поентите од претходните разговори и ќе разговраат за нашите заеднички приоритети како што е борбата со корупцијата, и тоа ќе остане приоритет за Вашингтон. Тој ќе отвори неколку прашања за време на неговата посета оваа седмица…“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Кои се тие неколку прашања во оваа сфера кои ќе ги покрене советникот на Стејт департментот, Агелер не прецизираше. Но, беше јасна во делот дека Вашингтон останува доследен на поддршката на Северна Македонија, вклучувајќи го и пристапувањето на земјата кон Европската унија, процес кој зависи од промена на Уставот заради вметнување на Бугарите.

„Ова е важно прашање, пред се за лидерите на земјава. САД, како што добро знаете и како што беше неколкупати кажано, го поддржуваат придвижувањето во евроатлантските интеграции, нешто што е цел на земјата. Многу сме задоволни од зачленувањето во НАТО, веруваме дека пристапувањето кон ЕУ е клучно што ќе донесе голема корист за земјата и ги повикуваме раководството и избраните претставници на земјава да постапуваат како претставници на граѓаните за да се напредува што е можно побрзо, да се преземат промените предвидени во договорот за да се овозможи пристапување кон ЕУ. Разбирам дека се ова тешки прашања и тешки одлуки за граѓаните кои веќе носеа тешки избори, но верувам дека ова е важен дел од тоа придвижување напред.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Американската амбасадорка присуствуваше на денешната презентација на приоритетите за овогодишното македонско претседавање со Јадранската повелба, иницијатива за зајакната соработка меѓу САД и 5 земји од Балканот која доведе до зачленување на Хрватска, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија во Алијансата. Според Агелер, токму ваквите иницијативи, но и организации како НАТО и ОБСЕ, со која годинава претседава земјава, ја потврдуваат потребата од постоење во ситуација кога Европа се соочува со руската агресија врз Украина.

За ова прашање денеска телефонски разговараа македонскиот премиер и украинскиот претседател. Ковачевски му пренел на Зеленски дека Северна Македонија ќе продолжи со воената и хумантираната помош за Украина и дека тој, како премиер на земјата претседавач со ОБСЕ, ќе го посети Киев.

XS
SM
MD
LG